ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Милевски: Локалните власти се клучни креатори на соработката и развојот во регионот преку имплементација на проекти од ИПА Програмата на ЕУ за прекугранична соработка

July 1, 2021 15:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
„Договорите, форумите, политиките, имаат смисла само ако предизвикаат позитивни промени кои што ќе имаат влијание на животот на луѓето. Затоа, колку што е важна Преспа за нас и за Европската Унија, исто толку и Европската Унија е важна за Преспа и за луѓето кои што живеат овде“, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски кој што на “Преспа форум дијалог 2021” ја отвори Тркалезната маса за локалната самоуправа, „Перспективите на прекуграничната соработка во контекст на проектотот ЕУ за Преспа“.

„Она што сега го прават земјите, општините од регионот веќе го практикуваат преку ИПА Програмата на ЕУ за прекугранична соработка. Локалните власти и граѓанските организации се клучни креатори на соработката и развојот во регионот и од досегашната имплементација на над 200 проекти финансирани од Европската Унија придобивките се огромни и не можат да се претстават само во пари туку и во знаење, вредности, вмрежување, пријателства. Речиси и да нема општина во државата што нема заеднички проект со општина или со граѓанска организација од соседна земја“, изјави Милевски.

Милевски најави имплементација на неколку стратешки проекти во Преспанскиот Регион кои што финансиски ќе бидат поддржани од Европската Унија во рамки на ИПА3 Програмата за прекугранична соработка, меѓу кои и нов граничен премин со Грција кај месноста Маркова Нога.

„Благодарение на искуството кое што веќе го имаме, верувам дека во наредниот програмски период ќе оствариме уште подобри резултати. На Преспа сме и потребни со целиот наш капацитет и знаење. Безбедноста и благосостојбата на нашите земји и граѓани е највисокиот приоритет на кој што треба да работиме и да соработуваме, се надевам сите како членки на Европската Унија“.

На Тркалезната маса за локалната самоуправа и имплементацијата на ИПА проекти за прекугранична соработка учествуваат и Никола Бертолини, шеф на одделот за соработка во Делегацијата на ЕУ, Јасна Габрич, копретседавач на Заедничкиот консултативен комитет на локални и регионални власти меѓу Северна Македонија и Европската Унија, градоначалникот на Пустец, Р. Албанија, Пали Колевски, универзитетскиот професор и координатор на ИПА проекти од Грција, Атанасиос Граменос, градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски и директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Гого Видимче.

Идејата на „Преспа форум дијалог” кој што се одржува во организација на Министерството за надворешни работи, а под покровителство на Владата, е да ја зајакне соработката во регионот и меѓу локалните власти кои што имаат значајна улога во процесот на интегрирање на земјата во Европската Унија.

Next Post

Османи: Водењето дијалог без доверба, не создава, не испорачува посакувани резултати ни кога дијалогот е прогласен за успешен.

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk