ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски од Подгорица: Од заеднички интерес е унапредувањето на билатералната соработка во борбата против трговија со луѓе и криумчарење мигранти

July 1, 2021 16:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од примарен заеднички интерес е унапредувањето и продлабочувањето на билатералната соработка, вклучително и во регионален контекст, пред сè во оперативна смисла, во развивање во делот на организираниот криминал, особено во борбата против трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, потоа трговијата со дрога, како и справувањето со илегалната миграција, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Подгорица во рамки на дводневната работна посета на Црна Гора, каде имаше билатерална средба со својот домаќин, црногорскиот министер за внатрешни работи Сергеј Секуловиќ.

На средбата, како што соопшти МВР, се разговарало на повеќе теми од заеднички билатерален интерес, како и теми поврзани со регионалната и меѓународната соработка во областа на безбедноста.

Двајцата министри особено внимание посветиле на соработката изразена и преку мултилатералните, но примарно и преку регионалните иницијативи, асоцијации и организации, а мотивирани од потребата за поефикасно координирање и спроведување на активностите со останатите земји од регионот, и заземање заеднички ставови за прашања кои се од заемен интерес.

Во тој контекст, Спасовски потенцирал две иницијативи на МВР на Република Северна Македонија коишто се во зачеток по однос на соработката со МВР на Црна Гора, и генерално, во поглед на регионалната соработка. Првата, околу формирањето Заеднички контакт центри (ЗКЦ) како механизам за соработка на граничните полиции, а се особено значајни за зајакнување на прекуграничната соработка и во борбата против прекуграничниот криминал и тероризам, притоа користејќи ја Конвенцијата за полициска соработка на земјите од Југоисточна Европа како правна рамка за регулирање на една ваква иницијатива.

И втората иницијатива, додаваат од МВР, која исто така е веќе во тек, а се однесува на менаџирањето на миграциските текови, поточно на спроведувањето на Пактот за азил и миграција на ЕУ. Според Спасовски, овој документ, усвоен од страна на Европската комисија, во одредена мерка се однесува и на земјите од нашиот регион, така што во таа смисла веќе е побарано од Меѓународниот центар за развој на миграциски политики да се направи анализа на Пактот од аспект на неговиот импакт врз нашите земји.

– Верувам дека заедничкиот настап на „третите“ земји, како што милуваат да нè наречат, ќе биде од есенцијална важност за нас самите, особено ако сакаме да изградиме заеднички став за сите прашања поврзани со менаџирањето на миграцијата, вклучително и прашањата на враќања и реадмисија, истакна Спасовски.

Црногорскиот министер Секуловиќ, заблагодарувајќи се за искрената поддршка и соработка постигната на полето на внатрешните работи, на билатерално ниво, но и преку регионални иницијативи, истакнал дека средбата се одржа во конструктивна размена на мислења за иницијативите на оваа наша пријателска земја.

– Првата се однесува на зајакнување на соработката во борбата против прекуграничниот криминал и тероризмот, а втората на управувањето со миграциските текови. Овие области се, исто така, клучни за Црна Гора, тие се опфатени со нашите бројни стратешки документи, и ние со задоволство ги прифаќаме. Иницијативите ќе го зајакнат вмрежувањето на земјите од Западен Балкан во надминување на предизвиците со кои се соочуваме, посочи Секуловиќ.

Тој особено ја нагласил поддршката што ја добиваат од колегите од Северна Македонија во областа на управувањето со миграцијата.

– Црна Гора и Северна Македонија воспоставуваат интензивна полициска оперативна соработка преку бироата на Интерпол Подгорица и Скопје, што овозможи размена на важни информации, меѓу другото, со цел борба против трговијата со дрога, рече Секуловиќ, додавајќи дека силната врска меѓу Црна Гора и Северна Македонија е и заедничката цел, односно членство во Европската унија, при што од големо значење е соработката постигната преку процесот Брдо и форумот МАРРИ, преку кој земјите од Западен Балкан разменуваат искуства за процесот на преговори.

Министерот Спасовски утре ќе учествува на Форумот на МАРРИ регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци, каде што е предвидено да има и свои обраќања.

извор: МИА

Next Post

Предлог-законот за учебници е повлечен, по јавна дебата ќе биде вратен во Собранието

НАЈНОВО

Скриншот

Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

October 28, 2025

ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk