Неколку илјади навивачи на Рома го пречекаа денеска во Рим новиот тренер на италијанската екипа Жозе Мурињо.
Португалскиот тренер дојде во Рим со приватен авион што го управуваше сопственикот на Рома, Дан Фридкин.
L’accoglienza dei tifosi della @OfficialASRoma per José Mourinho ?? pic.twitter.com/K2fqK60VTs
— Goal Italia (@GoalItalia) July 2, 2021
Мурињо во мај доби отказ на клупата на премиерлигашот Тотенхем, по што прволигашот од Рим веднаш му понуди тригодишен договор.
Претходно во кариерата 58-годишниот Мурињо ги водеше и екипите на Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Тој двапати ја освои Лигата на шампиони, со Порто во сезоната 2003/04, и со Интер во сезоната 2009/10.