ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дигиталната писменост во државава се спроведува најчесто преку проекти

July 6, 2021 13:58
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дигиталната писменост во нашата држава се спроведува најчесто преку проекти или преку натпревари организирани од ИКТ приватниот сектор и коморите. Нема национален стратешки документ, ниту структуриран пристап за ова прашање, истакна д-р Ирена Бојаџиевска, доцент на Универзитет Американски колеџ во Скопје и автор на истражувањето на Извештајот за тековната состојба и патоказ за унапредување на Дигиталната агенда во Северна Македонија, спроведено од март до мај годинава.

– Има извесни зачетоци на идејата за воведување на на дигиталната писменост во формалното образование. Преземени се подготвителни чекори за изготвување на на Стратегијата за развој на дигитални вештини. Во однос на дигиталната писменост нема некакво сериозно движење. На нашата држава и фали стратегија за дигитална писменост. Во време на корона кризата ја сфативме дигиталната писменост, рече Бојаџиевска.

Д-р Наталија Шикова, декан на Правниот факултет на Меѓународниот Балкански Универзитет и автор на истражувањето посочи дека дигитализацијата е апсолутно неопходна, а особена ја подобрува благосостојбата на граѓаните од една страна, а од друга страна придонесува за ефективност и ефикасност на институциите кои што треба да работат за доброто на граѓаните. Таа истакна дека потребата од дигитализација стана многу важна за време на пандемијата.

Шикова истакна дека податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека имаме пораст на граѓаните кои користат интерне во однос на минатата година. -Според ДЗС во 2020 година 79,9 отсто од домаќинставата имале пристап до интернет. Корисници на интернет (на возраст од 15 до 74 години) биле 81,4 отсто од граѓаните, а деловни субјекти со 10 или повеќе вработени со пристап на интернет имале 96,9 отсто, рече таа.

-Владата да назначи говорник (spokesman) кој редовно ќе известува за напредокот во однос на имплементацијата на Дигиталната агенда и кого граѓаните ќе го препознаваат во тој контекст; да се промовираат активностите и соработката под ИСА2, односно резултатите од имплементацијата на Дигиталната агенда директно да се поврзат и со идното членство на Северна Македонија во ЕУ; неопходно е институциите да имаат проактивен пристап кон вклучување на граѓанските организации во процесот на креирање и ко-управување на политикиво областите повразани со Дигиталната агенда; потребни се дополнителни мерки за промовирање на порталот uslugi.gov.mk, како и поголема конзистенстнот во однос на неговото работење; да се воспостави план за транзиција/целосна дигитализација на некои пилот услуги; јакнење на кадровските капацитети на Национален центар за одговор на компјутерски инциденти МКД-ЦИРТ и зголемување на видливоста на ова тело; институциите кои немаат приоритетно или воопшто централно решениеза ДМС неопходно е да одберат техничка платформа за складирање на институционална меморија со посебен модул за оваа намена; потребно е преземање на посериозни чекори кон спроведување на системот на интероперабилност; принципот „Само еднаш“ треба да биде висок политички приоритет; препораките за дигитална писменост од Дигиталната агенда од минатата година истануваат и сега, овие се дел од препораките кои се посочени во Патоказот за унапредување на Дигиталната агенда со Северна Македонија.

Александар Бајдевски, заменик министер во Министерство за информатичко општество и администрација истакна дека тие како Влада и Министерство се свесни оти во здрава демократија, дигиталната трансформација треба да биде повеќе насочена кон граѓаните, се со цел да се зголемува и да се поттикнува довербата помеѓу нив и Владата.

-Свесни сме дека нема ефикасна и ефективна администрација без поврзани институции, електронски услуги, електронски документи, безбедна размена на податоци меѓу институциите. Затоа, дигитализацијата и дигиталната агенда се високо на листата на приоритети на оваа Влада. Процесот на дигитализација е ден од клучните компоненти во планот за борбата против корупција, како еден од механизмите за спречување на корупцијата. Јасно е дека со минимизирање или конкретно елиминирање на човечкиот фактор се намалува ризикот од корупција и обидите за посегнување кон коруптивни дејства. Дигитрализацијата доведува до намалување на бирократските процедуриои подобрување на деловната клима во државата. За граѓаните, компаниите и бизнисите, дигитализацијата и дигиталната агенда значи брзо и ефикасно остварување на нивните потреби и барањабез непотебни процедури и документи. За администрацијата и Владата, дигиталната агенда значи фокус на обезбедување платформи за раст на дигиталната економија и придобивки кон општеството, рече Бајдевски.

Тој истакна дека Владата во изминатите 3-4 година ги имаат донесено стратегиите за отворени податоци, за сајбер безбедност, за реформа на јавната администрација, на ЕНЕР е поставена Националната стратегија за долгорочна ИКТ стратегија 2021-2026 година, беше пуштена во употреба Централниот регистар на населени, како и порталот за електронски услуги.

Бардил Јашари, извршен директор на Фондација Метаморфозис потенцира дека треба да се работи во партнерство со сите засегнати страни за да се создаде правна институционална рамка, која ќе овозможи непречено и безбедно користење и развој на нови дигитализирани сервиси, односно да се придонесе во тој процес на дигитална траснформација.

-Посебно е важно таа дигитална трансформација и развојот на тие дигитални сервиси да биде дизајнирана на начин кој ќе се базира на потребите и барањата на граѓаните.Развојот и користењето на новите технологии за мене претставува неизбежен процес и за тоа треба да бидеме проактивни и да учествуваме во тој процес, да создадеме услови за целосно да се искористат придобивките од таа неизбежна дигитална трансформација. Важно е за сајбер безбедноста е да се зголеми поврзаноста. Важен чекор во оваа насока е и одлуката од 1 јули да нема роаминг меѓу неколку земји од Западен Балкан. И како резултат на ова да се подобри и комуникацијата, но и бизнис климата воопшто. Само тогаш граѓаните ќе можат да ги почувствуваат придобивките од дигиталната трансформација, рече Јашари.

Истражувањето е проведено во рамки на Опсерваторија на Дигиталната агенда во Северна Македонија кое Фондација Метаморфозис го спроведе во рамки на проектот Дијалози за Дигитална агенда: Презентација на Извештај за тековната состојба и патоказ за унапредување на Дигиталната агенда во Северна Македонија во рамки на проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA”, ко-финансиран од Европската Унија.

извор: МИА

Next Post

За уште 36 општини се одобрени проектите и подготвени договорите за нивна реализација од програмата ТАВ

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Кој е Зохран Мамдани – новиот градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025
Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk