ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Скрекас -Бектеши: Договорот за интеконекторот за природен гас е важен за економиите на двете земји

July 9, 2021 15:02
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за животна средина и енергија на Грција Костас Скрекас и министерот за економија на Северна Македонија Крешник Бектеши го потпишаа Договорот за развој на интерконекцијата за природен гас, а порачаа дека станува збор за важен договор за двете земји и за регионот, јави дописничката на МИА од Атина.

Бектеши истакна дека интерконекторот ќе придонесе за диверзификација во снабдувањето, а ќе ѝ даде можност на Северна Македонија да ги снабди и со природен гас и северните соседи.

-Ова е голем чекор напред кон подобрување на енергетската инфраструктура на нашата држава и тоа ќе придонесе за диверзификација во снабдувањето со природен гас, а секако и во стабилноста во снабдувањето со природен гас. Ова е многу важно не само за односите меѓу двете држави кои секојдневно се подобруваат, ова е важно посебно за економијата во нашата држава имајќи во предвид дека ќе се зголеми конкурентноста на нашите компании, ќе бидат намалени цените во делот на природниот гас, а секако ќе ни даде и дополнителна можност за тоа да го продолжиме и кај нашите северни соседи како што се Република Косово и Република Србија, рече министерот за економија.

Бектеши додаде дека со грчкиот министер имаат одличната соработка, „што уште еднаш е одличен знак за продлабочување на соработката во различни сектори на општеството кај нашите две држави“.

Министерот за животна средина и енергија на Грција Костас Скрекас Скрекас рече дека со меѓувладиниот договор за изградба на гасоводот што ќе почнува од Неа Месимврија и ќе завршува во Гевгелија и се постигнуваат две работи. Ќе биде, како што рече, надградена геополитичката улога на Грција, со оглед на тоа дополнително ќе се зајакне нејзината улога „како енергетски крстопат, што од нашиот национален систем ќе пренесува природен гас во Северна Македонија“.

-Од друга страна на нашиот северен сосед му даваме можност да може да го намали влијанието врз животната средина, да ја постигне енергетската транзиција и постепено, да ги замени со природен гас позагадувачките облици на искористување на производството на електрична енергија и така, ова да придонесе и во општата европска визија, Европа да биде прв, климатски неутрален континент до 2050. Ова е важен договор, ќе се создадат илјадници работни места за време на изградбата. Околу 110 милиони евра ќе чини изградбата на овој важен проект, што ќе ги обедини двата системи за природен гас на двете држави и секако, откако ќе почне со работа, овој гасовод многу ќе помогне во дополнителниот развој на нашите економии, истакна Скрекас.

Договорот меѓу двете Влади беше потпишан во Атина, во присуство на премиерот Зоран Заев и амбасадорот на САД во Грција Џефри Пајат.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

July 13, 2025

(ВИДЕО) Синер го победи Алкараз за прв трофеј на Вимблдон

July 13, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ливерпул го одигра првиот натпревар по смртта на Жота

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk