Владата ги усвои измените на законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.
Со предложените измени уште 1.100 стечајци ќе добијат можност да остварат месечен надоместок во износ од 9.242 денари, односно 34% од просечната месечна нето плата исплатена по работник во претходната година.
СДСМ како одговорна партија континуирано ги решава проблемите на граѓаните, го враќа достоинството и гради фер и праведно општество, истакна денеска на прес-конференција Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ.
Таа додаде дека, во неколку наврати е обезбеден финансиски надомест за невработените лица чијшто работен однос престанал поради стечај, ликвидација и технолошки вишок, односно на стечајците.
Со новите измени бројот на лицата, кои ќе добиваат материјален надоместок до вработување или до пензионирање ќе се зголеми на речиси 13.000 денари.