ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: Со новиот закон за легализација дополнително регулиран делот за заштитените подрачја

July 14, 2021 13:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на оваа или наредната недела најавениот нов закон за легализација на бесправно изградени објекти ќе биде доставен до Владата и ќе биде прикачен на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), најави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Со новиот закон, како што тврди, дополнително е регулирано прашањето за заштитените подрачја,  што беше меѓу клучните причини за повлекување на претходното законско решение, ќе нема можност за злоупотреби, ќе се зголеми опфатот на лица со ниски примања кои ќе сакаат да легализираат објекти и нема да бидат опфатени делови од станбени згради.

– Направивме дополнителни консултации со сите сфери во делот на овој закон посебно со Здружението на архитекти, Комората на овластени инженери. Така што ова прашање е доста важно. Целосно го затегаме законот од аспект каков било тип на можни злоупотреби да не се случуваат. Прашањето во делот на заштитените подрачја дополнително го регулиравме и сметам дека ќе биде позитивно прифатено затоа што и претходно намерата не ни била да донесеме закон со којшто ќе се стават во правна рамка објекти во заштитени зони, но денес еве целосно тоа го исклучуваме. И аспектот дали еден граѓанин може да поднесе едно барање за ставање во правна рамка на бесправно изграден објект  исто така беше тема на дискусија и ќе биде прифатено, изјави Бочварски, одговарајќи на новинарски прашања.

Законот ќе оди по редовна постапка, а министерот очекува дополнително да ги слушне расправите и дискусиите во Собранието, а и досега очекувал малку поголема вклученост од сите заинтересирани.

– Во текот на оваа недела или наредната законот ќе биде доставен до Влада и ќе биде прикачен на ЕНЕР, ќе ги собереме сите мислења. Уште еднаш сакаме да докажаме со овој закон дека ништо не треба да се скрие туку апсолутно треба да биде јавно затоа што сакаме со ова да ги решиме проблемите на граѓаните, рече Бочварски.

Тој повтори дека сакаат да го прошират опфатот на граѓани со ниски примања кои ќе можат своите објекти бесплатно да ги стават во правна рамка.

-Целта на носењето на овој закон е токму таа – да им помогнеме на овие граѓани, наведе Бочварски и додаде дека  како и во претходниот закон е исклучена легализација на објекти со А2 намена, односно станбените згради.

Владата најави изработка на нов закон, откако на крајот на мај годинава го повлече од собраниска процедура законот за легализација, за кој имаше реакции во јавноста, меѓу останатото околу можноста за легализација во заштитените подрачка. Претходно законот не доби потпис од претседателот Стево Пендаровски. 

извор: МИА

Next Post

Турција очекува Северна Македонија да и предаде 86 лица поврзани со Фетулах Ѓулен

НАЈНОВО

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Сиљановска Давкова: Македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми

November 5, 2025

Затворен Автопатот Велес – Градско, сообраќајот пренасочен

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk