ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Од почетокот на годинава над 100 милиони евра странски инвестиции во државава

July 14, 2021 14:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од почетокот на оваа година во Технолошките индустриски развојни зони се потпишани нови договори со вкупен обем на инвестиции од 65 милиони евра, а вкупно на ниво на држава износот на странски инвестиции е над 100 милиони евра, информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски.

На новинарско прашање колкави се очекувањата да достигнат бројките на странските инвестиции до крајот на годината, Арсовски потенцира дека според податоците на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони во моментов се водат преговори за над 30 нови инвестициски проекти од постојни и потенцијални инвеститори кои се присутни во државава и кои во наредниот период треба да донесат над 400 милиони евра инвестиции и нови 8.500 работни места.

Тој посочи дека Владата и Дирекцијата за ТИРЗ работат посветено на подобрување на економските перформанси во зоните и деловната клима.

– Конкретен резултат на таа посветена работа е забележан како рекорд на економска активност и во првиот и во вториот квартал во последните четири години. Само во вториот квартал од 2021 година извозната активност во индустриските зони достигна 763 милиони евра, што е за 140 проценти повеќе од истиот период лани. Значи 140 проценти повеќе од лани, 12 проценти во однос на 2019, додека во однос на 2018 порастот е околу 27 проценти, рече владиниот портпарол Аровски.

Тој нагласи дека извозната активност и во јуни годинава е највисока на месечно ниво споредено со изминатите четири години и достигна ниво од 239 милиони евра, што е за 25 милиони повеќе во споредба со истиот месец минатата година.

извор: МИА

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Амандманска расправа за ребалансот на Буџетот

НАЈНОВО

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025
Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

Слот за победата над Реал: Ова е нашиот најдобар натпревар сезонава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk