ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Отворен повик за волонтери, продуценти и автори за 12. МакеДокс, Патувачкото кино ќе паузира до септември

July 14, 2021 17:48
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Патувачкото кино на „МакеДокс“ по проекциите минатиот викенд (9 и 10 јули) во Кочани и Оризари, со што се изодени три-четвртини од годинашното патешествие, следниот кино-викенд го најавува за 3 и 4 септември во Виница и село Пекљани. Во меѓувреме, од 19 до 26 август, претстои 12. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ во Скопје.

Проекцијата на Патувачкото кино во Кочани се одржа во паркот пред Домот на културата „Бели мугри“, непосредно до течението на Кочанска река и практично беше дел од тридневна културна програма во која, покрај проекцијата на документарни филмови, беше отворена ретроспективна изложба на македонски носачи на звук, концерт на групата „Суперхикс“ и летна регионална берза на винили. Со тоа, според МакеДокс, Кочани минатиот викенд беше културен центар на Истокот.

Непосредно до Кочани се наоѓа Оризари за чии мештани не е новост да бидат присутни на кинопроекција, бидејќи и самите имаат киносала во здружниот дом, но, додаваат од МакеДокс, нивното кино не работи веќе со години, а Патувачкото кино на „МакеДокс“ беше можност барем во една вечер да се потсетат на некои минати времиња. Во реализацијата на проекцијата што се одржа во дворот на детската градинка „Кокичиња“, екипата на „МакеДокс“ имаше срдечна поддршка и од тамошното основното училиште „Крсте П. Мисирков“.

Следниот кино-викенд на Патувачкото кино ќе се одржи на 3 и 4 септември во Виница и с. Пекљани, а во меѓувреме, од 19 до 26 август, ќе се одржи 12. издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ во Скопје. На вебсајтот и на ФБ-профилот на „МакеДокс“ веќе може да се најдат отворениот повик за волонтери, како и повикот за продуценти/автори на документарен филм за учество на МакеКоПроДокс форумот за 2021 година.

Патувачкото кино на МакеДокс 2021 е поддржано од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, Општина Кратово, Општина Кочани, Општина Штип, Општина Виница и Центарот за развој на Источен плански регион.

извор: МИА
Next Post

Северна Македонија, Бугарија и Албанија ја интензивираат соработката за изградба на железничкиот Коридор 8

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Дилемата на ЕУ: Комисијата нуди „морков“, членките бараат „навистина подготвени“ кандидати

November 4, 2025
Фото: Скриншот

Премиерот Мицкоски на Самит за проширувањето на ЕУ во Брисел

November 4, 2025

ЕК ќе ги презентира извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ   

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk