ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Турција очекува Северна Македонија да и предаде 86 лица поврзани со Фетулах Ѓулен

July 14, 2021 13:13
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Турција очекува од Северна Македонија да и бидат испорачани 86 лица, турски државјани, кои се осомничени за поврзаност со движењето на проповедникот Фетулах Ѓулен, кого Анкара го смета за организатор на обидот за државен удар во земјата пред пет години.

– Во изминатите четири години зголемен е бројот на барањата за депортирање и екстрадиции до властите во земјава. Вкупно за 86 лица се бара депортирање од земјата, за 20 од нив се бара екстрадиција. Сите овие барања се испратени до надлежните на Северна Македонија, но засега не е преземен чекор во оваа насока, изјави турскиот амбасадор во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок на денешната прес-конференција по повод 15 јули – Денот на демократијата и националното единство на Турција.

Тој истакна дека во изминативе пет години еден од основните приоритети на турската држава беше оневозможување на дејствувањето во земјата и во странство на движењето на Ѓулен, кое Анкара го нарекува „Фетулахистичка терористичката организација“ – ФЕТО.

Во Турција, рече Секизќок, е „дешифрирана структурната поставеност на ФЕТО во државните и вондржавните институции“ и се сузбиени нејзините активности, а спроведени се и депортации од странски држави.

– Кога сме кај Северна Македонија, структурите на ФЕТО продолжуваат да бидат присутни во земјава затскриени зад превези како образовни институции и трговски друштва. Во секоја прилика до надлежните на Северна Македонија ги пренесуваме нашите барања за оневозможување за дејствување на структурите на ФЕТО и депортирање на лицата поврзани со ФЕТО. Ставањето крај на дејностите на структурите на ФЕТО и депортирањето на лицата поврзани со ФЕТО ќе претствуваат конкретни чекори од аспект на билатералната соработка во насока на борбата против тероризмот. Ја користам оваа прилика одново уште еднаш да ги истакнам овие очекувања. Со одлучност ќе продолжат нашите дејности во насока на сузбивање на структурите на ФЕТО во странство, рече амбасадорот Секизќок.

Тој сепак посочи дека односите меѓу Турција и Северна Македонија се зановаат врз цврсти темели и не зависат од само едно досие.

– Ние со актуелизирање на барањата во врска со ФЕТО изразуваме наше легитимно барање. Турција секогаш ќе ги следи овие барања, бидејќи ние како држава сметаме дека овде ги реализираме потребите на правните постапки. Испратени се досиејата за лицата за кои бараме екстрадиција и депортирање и ќе продолжиме и во иднина да ги следиме овие наши барања. Тоа не се однесува само на Северна Македонија. Турција со упорност ќе ги следи овие барања не само за припадниците на ФЕТО, туку и за припадниците на сите останати терористички организации против кои се бориме. Бегањето од првадата не може да биде трајно и доколку не се овозможи да одговараат пред правдата овие лица ќе се загрози чувството и меѓународната совест  во врска со правдата, рече амбасадорот Секизќок.

Во однос на екстрадицијата на Фетулах Ѓулен, кој живее од САД, Секизќок истакна дека се уште не се исполнети очекувањата на Турција, но оти со упорност ќе продолжат да ја следат ситуацијата, а оваа тема секогаш ќе се актуелизира во билатералните односи со Вашингтон.

Запрашан за спорот на земјава со Софија, турскиот амбасадор истакна дека не може да коментира на таа тема која е „надвор од неговите надлежности“, но го повтори официјалниот став на Анкара дека Северна Македонија и Бугарија се две пријателски земји и оти верува дека со взаемна добра намера и со дипломатски дијалог може да се дојде до решение.

Во неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година што според турските власти го организираше движењето на Фетулах Ѓулен, загинаа 251 лице, а над 2000 беа повредени.

извор: МИА

Next Post

Михаиловска: Теренската вакцинација се одвива одлично, граѓаните да се вакцинираат

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Кој е Зохран Мамдани – новиот градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025
Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk