ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев – Оријан: Израел го поддржува напредокот на Северна Македонија, има интерес за интензивирање на соработката

July 19, 2021 18:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев попладнево се сретна со амбасадорот на Израел, Дан Оријан, кој го завршува својот мандат во земјава.

Како што соопшти владината прес-служба, на состанокот е разговарано за пријателските односи помеѓу двете држави, за кои е констатирано дека бележат развој, а се гледаат и потенцијали за нивно унапредување.

Премиерот Заев му заблагодари на амбасадорот Оријан за континуираната поддршка што ја дава Израел на нашата земја од независноста и која продолжува и денес во многу области. Посебно се нагласени како важни споделените искуства за стартап претпријатијата и иновациите, во рамки на можностите за развојот на економијата.

На средбата е констатирано дека Северна Македонија има перспективи за развој на економијата и преку туризмот, со оглед на богатото културно-историско наследство во државата. Во таа насока, пренесено е дека постои интерес од млади луѓе во Израел за посета на земјава, со оглед на постоечките културно-историски паметници поврзани со Евреите кои живееле во нашата држава.

Исто така, истакната е поддршката од Државата Израел за напредокот на Република Северна Македонија на домашен и меѓународен план.

-Ни значат пријателството и помошта од Израел, како докажан пријател на нашата земја и продолжуваме да ги градиме односите на принципиелно ниво во областа на економијата, културата, образованието, социјалните политики. Паралелно со заложбите во рамки на евроинтеграцискиот процес, посветени сме на отворањето нови работни места и на унапредувањето на животниот стандард на граѓаните во родната земја и продолжуваме да работиме во тој правец, рече премиерот Заев.

Next Post
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Зголемена фреквенција на Табановце, за влез и излез се чека околу половина час

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каде го загубивме чувството за срам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk