ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Со секој ден одложување на Законот за контрола на опојни дроги губиме 10 отсто за квалитетни намени

July 20, 2021 12:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Единствени новини во Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции се формирањето на Агенцијата за управување со медицинскиот канабис која треба да го штити делот на инвестициите, државниот аспект и грижата за да не излегува надвор од контрола, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Самата агенција, посочи тој, ќе биде воспоставена за да го штити на крајот на денот и имиџот на државата затоа што сакаме преку ваквиот вид на инвестиции да акумулираме многу нови работни места, но и со дополнително БДП  и тоа многу сериозен, проценките се 250 милиони евра и трето се даваат квалитетни плати, просечно платата таму е 700 евра заради тоа што е профитабилна дејност.

– Втората значајна работа е што 10 проценти од трошоците од вкупните фактури кои ќе ги имаат изработено доаѓаат на посебна сметка во Владата која заедно министерствата за финансии и за здравство ја изработуваат каде дел процент одат на Агенцијата за лекови, дел за Агенцијата за медицински канабис, еден дел одат за ретки болести, едниот дел оди за медиумски фонд, еден дел за култура и образование и еден дел за спортот. Така се поделени. Тоа се сериозни пари од вкупниот обем. Тој дел од 10 проценти се смета трошок на компанијата, значи она го плаќа и на крајот си плаќа 10 проценти данок на добивка како сите. Тие се новините односно затвораме една регулатива, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања по увидот во реновираното крило на Клиниката за ортопедија при Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) .

Посочи дека не се точни тврдењата дека со законот ќе се овозможи извоз на сушен цвет.

– Тој веќе се извезува, значи по табелите кои Министерството ги усвои согласно регулативите од ОН и европските регулативи, тој се извезува веќе, имаме извоз на сушен цвет. Се надевам дека ќе има се поголема сертификација. GMP сертификатот и другите серитификати кои се должни да ги издадат и домашни и европски за пазарите ќе ги зајакне во конкурентоста и пласманот на своите производи. Тоа веќе се случува. Значи новиот закон ќе овозможи само формирањето на агенцијата и новиот фонд од 10 отсто. Секој ден одложување на овој закон значи дека губиме 10 отсто и тоа за квалитетни намени што значат и демократија и поддршка на граѓаните со ретки болести, но и самото основање на агенцијата, додаде Заев.

извор: МИА
Next Post

ЗОО Скопје добива 7Д Кино

НАЈНОВО

Фото: Герасимовски

Герасимовски со план во 10 точки за справување со кризата со отпадот

October 23, 2025

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
Скриншот

Израел им забранува слободен пристап на странските новинари во Газа и по прекинот на огнот

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk