ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска: Задоволни сме од процентот на вакцинирани вработени во училиштата, но значајно е тој да се зголеми

July 21, 2021 13:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Апелирам наставниците и сите придружни и помошни кадри да се пријават за вакцина за да се зголеми процентот на имунизирани што работат во училиштата, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска откако министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека ќе почне интензивна комуникација со министерствата за образование и наука и за труд и социјална политика и директорите на институциите за повторно да разговараат со своите вработени и да ги упатат на вакцинација против Ковид-19.

На новинарско прашање дали за невакцинирани наставници од МОН ќе се воведат стимулации, Царовска одговори дека МОН не го води процесот на вакцинација, туку Министерството за здравство со кое, рече, е во постојана координација и дека ако се воведат стимулации за другите, тоа секако ќе важи и за наставниците.

-Задоволни сме од процентот на вакцинација, но значајно е тој и натаму да продолжи и затоа во континуитет се повикуваат и информираат. Мислам дека процентот и натаму ќе се зголемува, додаде Царовска на прес-конференција на која информираше за одлука на Владата за зголемување на стипендиите.

Потсети за одлуката за три сценарија за почеток на учебната 2021/2022 година и дека тие ќе се менуваат согласно епидемиолошката состојба во земјава. Првото е сите ученици од 1 септември да се вратат во училиштата на настава со физичко присуство.

-Но, не може да се потпрете само на едно, затоа што не се извесни бројките кои може да се менуваат.  Најпосакувано сценарио е на 1 септември сите да бидат во училиштата, но треба да сме одговорни и посветени и да ги почитуваме препораките и мерките, да се зголемува процентот на вакцинирани за да можеме да одржиме поголем број денови поминати во училиште, за да не ни се случи менување на сценариото. МОН на 1 септември ќе биде подготвено за сите три сценарија, рече Царовска.

Министерот Филипче вчера изјави дека вакцинацијата не е задолжителна, но дека се размислува за воведување ограничувања од септември или октомври доколку се соочиме со нов бран на заразата.

– Не можеме сите да страдаме затоа што некој не се вакцинира. Ние не можеме да живееме затворени. Мора светот да функцинира, да биде отворен, затоа е и всушност вакцината измислена, за да се врати животот во нормала, рече вчера министерот за здравство.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Ројтерс: Руските сили ја презедоа контролата врз три украински села низ повеќе региони

July 18, 2025

Од 1 септември учениците ќе имаат учебници по странски јазици

July 18, 2025

БиХ изгуби 108,5 милиони евра од ЕУ поради доцнење со реформската агенда

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk