ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: Kонфискацијата на имот и противправно стекната имотна корист се императив за истерување на правдата до крај

July 21, 2021 14:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Времето на неказнивост, избегнување на правдата, изигрување на законите, полека но сигурно станува минато, kонфискацијата на имот и противправно стекната имотна корист се императив за истерување на правдата до крај, истакна заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, на денешната промоција на „Националната Стратегија за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот 2021-2023“. На промоцијата учествуваа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески, директорката на Управа за јавни приходи Сања Лукаревска и  директорот на Управа за финансиска полиција Арафат Муареми, амбасадори, претстваници од надлежните институции, домашни и меѓународни организации.

Вицепремиерот Николовски,  ги презентираше мерките кои произлегуваат од Планот за  борба со корупција, ставајќи посебен акцент на развојот на капацитетите за вршење финансиски истраги и конфискација на имот. При тоа посочи дека дека усвојувањето на оваа Стратегија, како една од стратешките алатки за борба против корупцијата, е дел од активностите утврдени во владиниот План за борба против корупција, што ќе придонесе за зголемување на ефикасноста на кривичните истраги кои треба да резултираат со конфискација на имот и  противправна имотна корист.

„Дел од мерките во владиниот План за борба против корупција, се значајни за ефикасна имплементација на активностите од Националната Стратегија..Времето на неказнивост, избегнување на правдата, изигрување на законите, полека но сигурно станува минато. Конфискацијата на имот и противправно стекната имотна корист се императив за истерување на правдата до крај“, истакна Николовски, доддавајќи дека една од клучните мерки во Планот е дигитализацијата на процесите, односно поврзувањето на надлежните институции на платформата за Интероперабилност, со која се зајакнува оперативноста на институциите, нивната електронска поврзаност и навремената размена на податоци.

Николовски потенцираше дека Владата, донесе одлука за зајакнување на капацитетите на јавните обвинителства во државата.Паралелно, водејќи се од принципите на заштита на националниот имот, како и на државниот буџет, во фаза на подготовка е и предлог Закон за потекло на имот, нешто што за прв пат го добива нашата држава.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, рече дека  имплементацијата на наведената стратегија ќе придонесе кривичните истраги да резултираат со поголема конфискација на имот и имотна корист, со што ќе се зајакне и ефикасноста во борбата против организираниот криминал и корупцијата и дека само со спроведување на меѓуресорски координирани финансиски истраги со цел идентификување и следење на приноси, имот и имотна корист во земјата или во странство, а кои ќе се спроведуваат паралелно со криминалистичката истрага, може да се обезбеди нивна подоцнежна конфискација.

„Формирањето на посебната, специјализирана единица за водење на финансиски истраги во МВР беше еден од главните приоритети, но и бенефити од претходната стратегија. Наведената Единица, формирана во 2020 година, веќе успеа да се етаблира и да испорача конкретни и видливи резултати. Во овој момент, како резултат на активностите на оваа Единица се водат финансиски истраги против 67 физички и против 16 правни лица. Притоа, тоа се финансиски истраги кои се спроведуваат паралелно со криминалистичката истрага“, изјави министерот Спасовски.

Според Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, посочи дека Националната Стратегија е од особена важност не само за надлежните институции за водење на финансиски истраги во делот на следење на текот на парите и откривање незаконски стекнат имот, туку и за Јавното обвинителство кое е надлежно да ги гони сторилите на кривични дела.

„Стратегијата и Акцискиот план се важен исчекор во борбата против криминалот и се очекува да придонесат за зајакнување на координацијата помеѓу надлежните институции за водење на финансиските истраги. Современиот облик на криминалот кој често не завршува во границите на една земја наметнува потреба од соработка помеѓу земјите, но и на надлежните органи за откривање на овој вид кривични дела и нивните сторители“, рече јавниот обвинител Јовески.

Директорката на Управата за јавни приходи Лукаревска појасни дека УЈП како неопходен орган во алката на спроведувањето на финансиските истраги ќе биде дел од Националната комисија за следење на имплементацијата на Стратегијата и Акциските планови, како и дел од  мулти-агенциски тимови кои ќе вршат координирана заедничка работа на сложени предмети со претставници од повеќе институции координирани од ОЈО.

„За областа Платформа за интероперабилност, сертифицирање и развивање на веб сервиси – прилагодување на ИКТ Системите на институциите за примање на податоци од институциите од кои имаат потреба,  УЈП се наоѓа во процес на дигитализација и модернизација на ИТ системот и воспоставување на нов интегриран даночен информационен систем (ИДИС) .  Воспоставувањето на ВЕБ сервиси за цели на размена на податоци со трети страни е дел од новиот ИДИС и континуирано се зголемува степенот за размена на податоци преку Платформата за интероперабилност“, рече директорката Лукаревска.

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, изјави дека  Управата е доста активна во преземањето на дејствија во врска со финансиските истраги без оглед дали се работи за спроведени финансиски истраги по сопствена иницијатива, или по барање на надлежно Јавно обвинителство или други институции кои посочуваат постоење на основи на симневање за сторено кривично дело.

„ Доказ за тоа се бројните финансиски истраги кои се спроведени од страна на Управата за финансиска полиција во изминатиот период од 4 години, а кои се однесуваат на повеќе од 500 физички или правни лица и кои како такви зависно од утврдените состојби се процесуираат со соодветен поднесок до надлежните јавни обвинителства “, изјави директорот Муареми.

Во подготовката на „Националната Стратегија за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот 2021-2023 активен придонес дадоа МВР, Министерството за правда, Јавното обвинителство, Управата за финансиска полиција, Управа за финансиско разузнавање, Управа за јавни приходи, Царинска управа, Агенција за управување со одземен имот, Академијата за судии и јавни обвинители, Основниот кривичен суд Скопје и Судскиот совет, а изработена е со поддршка од германското Министерство за економска соработка и развој и  од норвешкото Министерство за надворешни работи преку Глобалната програма за борба против нелегални финансиски текови на Германското друштво за меѓународна соработка- ГИЗ. Новата Национална стратегија ќе се имплементира во следните две години.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Israel atack on Gaza church Photo source: Video of Al Jazeera

Израел изврши напад врз единствената католичка црква во Газа, три лица убиени, еден свештеник е ранет

July 18, 2025

Сообраќајна несреќа на влез во Скопје, сообраќајот се пренасочува

July 18, 2025

Од утре многу топло време, следната седмица над 40 степени

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk