ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Лукаревска: Поборник сум да се зголеми прагот на повратот на ДДВ

July 22, 2021 20:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) и заменик-претседател на СДСМ, Сања Лукаревска смета дека мерката „Мој ДДВ“ треба и понатаму да се унапредува, и посочи дека е најголем поборник да се зголеми прагот на повратот на ДДВ.

Според Лукаревска, дури и два отсто да успеале да ја намалат сивата економија преку оваа мерка, успехот е одличен.

– Во повеќе наврати имаме телефонски јавувања, анонимни пријави дека не се издаваат фискални сметки. Некој пат и јавно се објавуваат на социјалните мрежи. Макар и два отсто ние да сме успеале да го намалиме процентот на сивата економија преку оваа мерка, успехот е одличен, рече Лукаревска во гостувањето во емисијата „Жешко политичко лето“ на телевизијата Канал 5.

Прашана дали ќе се реализираат најавите за тоа дека поврат што го добиваат граѓаните од 1.800 денари, ќе се зголеми на 2.400, Лукаревска посочи дека се што било ветувано во предизборието ќе се реализира, и оти е најголем поборник да се зголеми овој лимит.

– Мислам дека понатаму ќе треба оваа мерка да се унапредува. Во однос на зголемувањето на тој праг од 1.800 на 2.400 денари, секако дека самата пандемија ги измести сите ичекувања, но се она што било ветувано во предизборието, секако дека ќе биде реализирано. Јас ќе бидам најголем поборник да го зголемиме лимитот, додаде таа.

Во однос на оние фирми кои за врема на пандемијата минатата година земаа државна помош, а не ги исплатија платите на работниците, Лукаревска рече дека дел од контролите кај овие фирми уште траат, и оти секоја потребна документација ја доставиле до Основното јавно обвинителство.

– Во нашиот дел она што беше во законот за финансиска помош за работодавачите во време на ковид криза, ние тие контроли ги завршивме. Спроевдени се и уште траат дел од конторлите кај компаниите, но овој пат од даночен аспект го контолираме нивното работење, со тоа што утврдивме и таму одредени неправилности. Се она што беше како документација од наша страна, ние го доставивме до Основното јавно обвинителство за да постапува, посочи директорката на УЈП.

Како што рече, секој оној кој што го злоупотребил законот, треба да сноси соодветна кривична одговорност.

Прашана за претстојните избори, Лукаревска изјави дека очекува СДСМ да биде победник на претстојните избори и го има најдоброто за државата.

– На последната седница на Извршниот одбор беа утврдени 30 кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ, во наредниот период ќе се затворат уште неколку општини со потврдени кандидати и некаде до крајот на август ќе ја имаме целосната понуда. Наше е да ја изработиме кампањата, да го дадеме најдоброто за нашата општина, како што го правиме во целиот овој период, посочи Лукаревска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Флора Имагинариум. Изложба на Зоран Кардула. Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Флора имагинариум на Кардула

July 19, 2025
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

July 19, 2025

Во македонското здравство недостигаат 6.000 медицински сестри, тврди Унијата на здруженија

July 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кис Кам на коцерт од Колдплеј: Директорот на „Астрономер“ фатен во интимна сцена со шефицата, Бајрон јавно се извини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk