Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски освраи средба со новоназначената амбасадорка на Република Србија во Република Северна Македонија Н.Е. Невена Јовановиќ. На средбата беше потенцирана одличната соработка помеѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји, но и генерално, меѓу двете држави, посебно во делот на културата и економијата.
Посебен интерес на средбата беше изразен за продолжување на одличната соработката во областа на миграциите и успешните активности за спречување на илегален влез на мигранти и борбата против нивно криумчарење.
Министерот Спасовски ја искористи оваа пригода да се заблагодари на амбасадорката Јовановиќ и за помошта која Северна Македонија ја доби од Србија за време на пандемијата со ковид-19, изразувајќи увереност дека само преку градење на заеднички политики се овозможува заштита на граѓаните од двете земји. Тој ѝ упати честитки на Н.Е. Јовановиќ за новата функција, со желби за успешен мандат, плодна работа и убав престој во Северна Македонија.