ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За владејачкото мнозинство ребалансот на буџетот е за здрава економија, опозицијата смета дека ја зголемува сиромаштијата

July 22, 2021 19:53
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Арбен Зеќири

Фото: Арбен Зеќири

Share on FacebookShare on Twitter

На попладневното продолжение на 47. собраниска седница на која се дискутираше по дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2021 година, пратениците од владејачкото мнозинство оценија дека  тој ќе придонесе за здрава економија и здраво општество, додека според претставниците на опозицијата ребаланост само ќе ја зголемува сиромаштијата.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, од своја страна посочи дека капиталните инвестиции воглавно се зголемуваат во буџетската структура и стигнуваат до 11,1 процент за разлика од претходните девет години кога биле 9,5 проценти. Ако се споредиме со другите години, како што рече тој, реализацијата на капиталните инвестиции била отприлика 55, 60, 70 проценти, а оваа година се рализирани 81 процент.

Тој, во неговото експозе наведе дека предложениот ребаланс на Буџетот ги отсликува економските и социјалните политики што ќе ги спроведува Владата, кои се насочени кон остварување на клучните цели утврдени со стратешките приоритети.

Бесими нагласи дека здравјето на граѓаните, здравата економија, како и здрави финансии и општество воопшто остануваат клучни приоритети за оваа година.

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска оцени дека ребалансот е без приоритети, посочувајќи дека секоја година власта амбициозно тргнува со мегаломански буџети кои на крај ги ребалансира и „остварува едно големо ништо од проектите за граѓаните кои ги ветува“.

Пратеникот од Алијансата за Албанците, Елми Азири истакна дека не ги разбира принципите со кои е направена распределбата на средствата, која според него е со „отсуство на чувство за потребата на граѓаните“.

Вкупните приходи со измените и дополнувањата се планирани на ниво од 222,5 милијарди денари или се за 4,7 отсто повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Вкупните расходи се планирани на ниво од 268,8 милијарди денари или за 8,6 отсто,  повисоки во однос на планот, а планираните приходи и расходи, претпоставуваат дефицит во износ од 46,2 милијарди денари, односно 6,5 отсто од БДП. Во ребалансот е предвидено да има раст на приходите од 4,7 отсто или за околу 10 милијарди денари, повеќе средства за капитални расходи за 24 отсто, како и дополнителни средства за мерките за поддршка на домаќинствата и стопанството, за здравството и за процесот на имунизација на населението, зголемена поддршка на земјоделството и социјално ранливите категории.

Седницата продолжува утре.

извор: МИА

Next Post

Лукаревска: Поборник сум да се зголеми прагот на повратот на ДДВ

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

November 5, 2025
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk