ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шекеринска од Лисабон: Ги направивме првите чекори кон интензивна одбранбена соработка со Португалија

July 23, 2021 16:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Членството во НАТО ни го понуди ова како нова шанса – да ја збогатуваме одбранбената, но да ја збогатуваме и политичката соработка со земјите кои што се важни во Алијансата, но и земји кои што се важни во Европската Унија и таа шанса и овој пат ја користиме – да покажеме дека Северна Македонија е држава која стои на договореното, дека е држава на која што може да се смета и дека е држава која што вложува во својата одбрана, но вложува исто така и во вредностите на Алијансата, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска во Лисабон.

Шекеринска, која е во прва официјална посета на еден наш министер за одбрана на Португалија во изминатите 30 години, истакна дека бројните успешни средби на министерско и армиско ниво, отвориле пат кон одбранбени односи и поголема политичка соработка помеѓу двете земји.

– Португалија беше една од земјите членки на НАТО која прва ги започна процесите на ратификација на нашиот НАТО договор што беше гест на голема пријателска поддршка и шанса за збогатување на нашата билатерална одбранбена соработка. Затоа и разговаравме како да ги збогатиме одбранбените односи и како да поставиме шанса и за поголема политичка соработка помеѓу нашите две земји, рече министерката.

Шекеринска истакна дека веќе е иницирано потпишување на Договор за одбранбена соработка и дека првите чекори кон интензивирање на меѓусебните одбранбени односи ќе бидат заедничките вежби помеѓу специјалните сили и во доменот на сајбер – одбраната.

– Договоривме дека првите чекори во одбранбената соработка ќе бидат заеднички вежби помеѓу нашите специјални сили, но исто така и зголемена соработка во делот на сајбер одбраната, тема која што е важна за сите членки на НАТО и особено е важна за нас како 30-та нова членка на Алијансата, истакна министерката.

Во однос на развојот на капацитетите за сајбер одбрана, министерката Шекеринска по посетата на Агенцијата за комуникации и информации на НАТО во Лисабон, истакна дека наш кадар веќе посетува курсеви во овој центар кој дава одлична обука во доменот на сајбер одбраната.

Таа наведе дека, при посетата, остварила одлична средба со нејзиниот португалски колега, Жоао Гомеш Кравињо.

– Ми беше навистина задоволство што оваа шанса максимално ја искористивме и во средбите со сите институции кои што се дел од одбранбениот португалски систем, покажавме дека имаме и желба и знаење и интерес за поголема соработка, заклучи министерката.

Next Post

Министерство за финансии: Буџетот е ликвиден - во целост исплатена Еврообврзницата од 500 милиони евра

НАЈНОВО

Зголемување на цените на горивата од полноќ

October 27, 2025
Фудбалски стадион на Јувентус

Јувентус му врачи отказ на Тудор

October 27, 2025

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, некои портали креираат сензација

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk