ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Авторката Илиоска: Првачињата по општество ќе учат за почитување меѓу себе, на повозрасните, на различностите и средината во која живеат (ВИДЕО)

July 25, 2021 12:36
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Материјалот за учење по општество за прво одделение е осмислен да ги задоволи интересите на денешните деца како што се креативноста, љубопитност и истражувањето, вели Гликерија Илиоска, авторка на учебникот за прво одделение по предметот општество.

„Богатството од илустрации, вежби, активности, кај дечињата поттикнува  интерес за откривање на нови работи, истражување и искуствено учење, а со тоа води и кон развивање на повисоки мисловни операции, а не само репродуктивно повторување на факти и детали”, објаснува Илиоска.

Според Илиоска материјалот за учење ги воведува учениците во истражување и стекнување знаења за себе, училиштето во кое учат, домот во кој живеат и средината која ги опкружува.

„Преку овој материјал првачињата ќе учат како да се почитуваат меѓу себе и како да ги почитуваат разликите меѓу луѓето. Како да се однесуваат кон природата и животната средина, кон повозрасните, но и кон своите другарчиња. И сето тоа ќе го учат на лесен, едноставен начин преку игра и решавање проблемски ситуации”, вели Илиоска.

Материјалот ги содржи основите за стекнување на знаења за родовата еднаквост, интеркултурното живеење, инклузијата и заштитата на животната средина во нашето општество и сето тоа е поткрепено со содржини кои ќе ги развијат социо-емоционални вештини на живеење.

„Се надевам дека вака подготвениот материјал кај првачињата ќе поттикне желба за учење и откривање на светот во кој живеат”, вели Илиоска.

Со стартот на новата учебна година стартува и имплементацијата на реформските процеси во основното образование кои треба целосно да се спроведат во следните 5-6 години. Учениците од прво и четврто одделение ќе учат по новата Концепција, со нови наставни програми и целосно нови учебници кои се веќе во фаза на изработка и печатење.

 

Next Post

Приведен дилер од Охрид и скопјанец баран со потерница

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk