ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нема корупција во највисокиот ешалон на власта, тврди премиерот

July 26, 2021 13:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев прашан денеска дали ќе побара одговорност од вицепремиерот за борба против корупцијата, по објавениот Извештај на Стејт департментот за инвестициска клима за 2021, во којшто меѓудругото се нотира и дека корупцијата е постојан проблем за водење бизнис во земјава, категоричен е дека во највисокиот ешалон на власта, па дури и во вториот ешалон не е препознаена корупција.

– Апсолутно не. Никаде во највисокиот ешалон, па дури и во вториот ешалон не е препознаена корупција. Значи, таа не е пронајдена кај министрите, кај директорите, пронајдена е по анализата системски, тоа значи во делот на административното функционирање на јавните институции. И затоа поставивме потпретседател на Влада меѓудругото задолжен за борба против криминалот и корупцијата и девет, десет месеци се работи на таа тема со ваков фокус. Институциите што постојат и досега, како независните институции – ДКСК, Државен завод за ревизија, Јавното обвинителство, правосудството може да бидат само помогнати од овој ресор затоа што дефинитивно ние сме телото, односно јавниот сектор е телото каде што независните институции го прават мониторингот за борбата против криминалот и корупцијата, вели Заев.

Коментирајќи го извештајот на Стејт департментот, премиерот вели дека тоа треба да биде „ветер во грб“ за да можеме, како што нагласи, да го отстраниме тоа како девијантна појава што ја има насекаде во светот, во Западен Балкан, а ја има и во Северна Македонија, како едно зло кое што ја кочи и економијата, развојот и севкупниот квалитет на живот.

– Секојпат извештаите на стратешките партнери дали е тоа ЕУ или е Стејт департментот се важни, валидни и треба да посветиме секојпат внимание. Во самите анализи кога ќе го видите самиот извештај на Стејт департментот прво зборува за огромни придобивки и позитивни промени што се имаат случено во Северна Македонија, но јасно ги лоцираат и своите слабости. Нам ни е јасно од страна на Владата по сите анализи заедно со Транспаренси интернешенл, со Стејт департментот, со Европската делегација овде и со многу други граѓански организации го утврдивме нивото на корупција што се случува на трето ниво. Таму каде што граѓаните шалтерски допираат, имотен лист, одобрение за градба, решенија, согласност или слично и ќе го промениме. Посебно дури и Стејт департментот ја поздравува и дигитализацијата каде што буквално субјективниот фактор на одлучување на административно ниво ќе се замени со компјутер, со што дефинитивно ќе може да се бајпасира тој субјективен фактор на административниот работник кој е точка на корупција помеѓу граѓаните и јавната администрација и верувам дека ќе имаме сериозни успеси во периодот што престои пред нас за да можеме да учиме од ваквите извештаи и да се подобруваме, рече Заев.

На новинарско прашање за перцепцијата во јавноста дека ДКСК е оставена сама на себе да се бори против корупцијата, Заев вели дека Комисијата е независна институција, и како и ДЗР, и тие немаат врска со извршната власт и како регулаторни тела, но и како другата власт – судството и обвинителството, си ја работат својата работа.

– Преку Владата и потпретседателот на Владата за прашања за борба против криминалот и корупцијата ние сакаме да го помогнеме процесот, да го превенираме, антиципираме, да даде уште поголеми резултати. ДКСК одлуките што ги има донесено во нивната реализација споредбено со поранешните антикорупцски комисии се едно 50 пати повеќе спроведени отколку порано. Прво, има решение и одлуки на ДКСК, знаете дека се сменија раководни структури во државата, се прекинаа вработувања во државата, директно се менуваа членови на управни и на надзорни одбори на државата, се реагираше веднаш проактивно согласно нивните извештаи. Дел од извештаите, некаде 15-ина, ние ги обжаливме на Управен суд, затоа што Владата е навистина различна од независните тела. Од тие 15-ина. 10 ги имаме добиено на Управен суд. Тоа кажува дека не значи оти ДКСК секогаш е во право. Таму каде што нема дилеми веднаш влегуваме во спроведување, таму каде што има дилеми, тоа го обжалуваме на Управен суд, добиваме пресуда, конечноста на пресудата значи акт за спроведување од страна на Владата и така ќе постапуваме секој во делокругот на своите надлежности, посочи премиерот.

извор: МИА

Next Post

Ѓоковиќ се пласираа во осминафиналето на Олимписките игри во Токио

НАЈНОВО

Скриншот

Ердоган: Турција влезе во нова фаза од напорите за прекин на насилството на курдските милитанти

November 5, 2025
МИА

Одбраната на Онкологија: Зошто лекарите не се обвинети и за давање и примање на поткуп, а Обвинителство оди со сведоци што кажуваат такви непоткрепени бомбастични работи

November 5, 2025
Фото: СДСМ

ЕУ испрати јасна порака, со ВМРО-ДПМНЕ Македонија назадува во сите сфери, истакна Филипче

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk