ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Шекеринска и Галовеј потпишаа меморандум за разбирање во областа на одбраната

July 26, 2021 12:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и британската амбасадорка Рејчел Галовеј денеска потпишаа меморандум за разбирање во областа на одбраната, кој овозможува креирање ќелија за координација на обуката од Обединетото Кралство, стационирана на армискиот полигон „Криволак“.

Шекеринска појасни дека тимот е од Обединетото Кралство, но е посветен на обуките потребни на Северна Македонија, на регионот и на нашата билатерална соработка на „Криволак“. Ќелијата ќе биде составена од тројца британски офицери, чија цел ќе биде координација на можностите за обука и вежби. Таа изрази надеж дека тоа ќе овозможи ефикасност во изведувањето на обуките и на вежбите од страна на Обединетото Кралство, од страна на заедничките сојузници, особено земјите во регионот и на нашата обука на „Криволак“ на подолг рок.

– Овој тим британски офицери ќе предлага обуки и вежби и за нашата НАТО декларирана единица лоцирана во Штип, а ќе служи и како катализатор за развој на нови програми за обука со армиите во регионот. Целта е, ќе помогнеме на нашите одбранбени способности, ќе ја зголемиме соработката во регионот во одбраната, но ќе ги зајакниме и нашите билатерални одбранбени врски, истакна Шекеринска.

Таа потенцира дека е долга листата на соработка на билатерлано ниво, дури и ако се анализра само одбраната, а тоа е резултат, оцени, првенствено на заедничката визија во С Македонија и во Обединетото Кралство, дека меѓусебната поддршка и соработка е основа за безбеден континент и за безбедна Алијанса.

Шекеринска изразувајќи задовослтво, потсети дека Договорот за одбранбена соработка со Велика Британија е потпишан почетокот на 2020 година, и постоојано се збогатува одбранебара соработка со сојузник, челнак на НАТО и наш пријател, со кој имаме долго и содржински богато портфолио на соработка – Обединетото Кралство.

Според неа, НАТО мотото „Заедно сме посилни“ уште еднаш с епокажува дека не е само фраза, туку реланост за членките на НАТО, аконцептот заедно сме посилни го применвуаме не само во делот на колективната одбрана, туу и во однос на развој на одбранбените сили.

– Во развојот на одбранбените сили ние можеме да се потпреме на исксутвото на нашите сојузници, а тие можат да се потпрат на дел од нашите капацитети кои сакаме да ги развиваме како НАТО капацитети, изјави Шекеринска.

Додаде дека во соработката и односите на С Македонија и Обединетото Кралство не гледа граници, туку шанси за зајакнување на таа соработка и споделување на истите вредности и цели.

Меѓу другото, Шекеринска изрази надеж дека со Протугалија набрзо ќе биде склучен првиот договор за одбранбена соработка.

Според британската амбасадорка Рејчел Галовеј, ќелијата ќе има клучна улога во гарантирањето дека Криволак ги исполнува потребите и условите на НАТО. Изрази надеж дека во следните 10 години Криволак ќе израсен во еден од водечките полигони за обука на НАТО за лесни и воздушно десантни сили, не само во квалитетот на обезбедените капацитети, туку и за иновациите во развојот и зачувување на приридното живеалиште.

– Обединетото Кралство со воодушевување го поздрави приемот на С Македонија во НАТО пред повеќе од една година и со огромна чест ја продолжи тесната соработка со македонското МО. Безбедноста на С Македонија во рамки на Алијасната е и наша безбедност. Оваа најнова иницијатива помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија ги зближува нашите воени перспективи и го гарантира континуираното зајакнато билатерално партнерство помеѓу Обединетото Кралство и С Македонија во иднина, изјави амбасадорката Галовеј.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Оддадена почит на жртвите во скопскиот земјотрес од 1963

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн

За шест месеци туристите во Албанија потрошиле 2,1 милијарди евра

September 16, 2025

Кина потврди дека е постигнат рамковен договор со САД за сопственоста над ТикТок

September 16, 2025
Фотo: Кабинет на Претседателот Бегај

Албанија планира да ги отвори сите поглавја од преговорите со ЕУ во 2025 година

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk