ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: Подготвени сме за започнување на новата учебна година по нова Концепција и со потребните протоколи

July 30, 2021 15:25
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

МОН е подготвено за започнување на новата учебна година, но и за имплементација на реформските процеси од септември. Образованието е од круцијално значење за државата, идентитетот, иднината во нашата држава која се стреми кон европски стандарди и затоа вложуваме дневно во реформските процеси и секако безбедни услови за настава во време на пандемија, што не го гледаме од опозицијата која продолжува со опструкциите. Ова го рече министерката за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на пратеничко прашање дали ќе има реформи од септември и како и кога ќе започне учебната година, поставено од пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерката го повика пратеникот Стојановски, за којшто рече дека очигледно не е информиран за процесите во образованието, на дневно ниво да ја следи официјалната веб страница на МОН кадешто постојано се ажурираат сите информации во врска со образованието и реформите.

 

„На почетокот на оваа година ја донесовме новата Концепција за основно образование, во април месец беа донесени програмите. Учебниците, или наставните материјали за прво одделение се исто така готови и се во печат исто така и за четврто одделение. Секако со поддршка на сите меѓународни организации. Да не заборавам дека над 4.000 наставници поминаа обука за да можат успешно да ја започнат учебната година од септември. Како никогаш до сега навремено се донесени сите календари за отпочнување на учебната година од први септември“, рече Царовска.

 

Министерката посочи дека со овие календари е предвидено започнувањето и завршувањето на учебната година, но како одговорна власт и одговорно министерство заради тоа што се наоѓаме во Ковид, подготвени се три сценарија за наставата во учебната година што ни претстои.

 

„Сметаме дека најважно е, односно најдобро сценарио е физичкото присуство каде што сите ученици согласно распоредите ќе ја започнат наставата со физичко присуство. Доколку има драстична промена во епидемиолошката слика, тогаш би требало да го промениме сценариото со хибридна настава една недела во училиште една онлајн и третото најмалку посакуваното сценарио е да поминеме најголем дел од наставата онлајн. Очекувам дека ако сите се придржуваат на мерките како што имавме минатата почитување на протоколите со физичко присуство дека ќе успееме и оваа учебна година да ја реализираме на тој начин. Дополнително до денеска повеќе од 58 % од наставниците и соработниците во училиштата се веќе вакцинирани“, рече Царовска.

Next Post

Заев: Ги поканивме соседните земјите членки од ЕУ да отворат зелени коридири, Грација се јави прва

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

November 15, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп побара истрага за Клинтон и други демократи; Обвинителката Бонди почна постапка за „Епштајн врските“

November 15, 2025
Фото: Илустрација, генертирано со ВИ

Шпанските научници идентификуваа неврони во амигдалата кои предизвикуваат анксиозност

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 15 и 16 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk