ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Северна Македонија и САД со уште поинтензивна одбранбена соработка

July 30, 2021 17:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија како членка на НАТО има важна улога за безбедноста во регионот. Направен е исклучителен прогрес и денеска земјата е полноправна членка на Алијансата која годинава ќе постигне целосна воена интеграција во структурите на НАТО.

Тоа во денешниот телефонски разговор го заклучија министерката за одбрана Радмила Шекериска и потсекретарот за одбрана на САД за политички прашања Колин Кал.

Шекеринска, како што соопшти Министерството за одбрана, во разговорот истакна дека Северна Македонија е целосно посветена на вредностите на Алијансата и дека несомнен пример за тоа е учеството на припадниците на Армијата во мисиите на НАТО.

Таа порача дека капацитетите на Армијата се и капацитети на НАТО – армискиот полигон „Криволак“ кој континуирано се развива со поддршка на САД, годинава беше домаќин на македонски-американската вежба „Одлучен удар“ и доби високи оценки од сојузниците за можностите кои ги нуди за реално извежбување и развој на интероперабилноста помеѓу земјите-членки.

Министерката рече дека приоритет останува стабилниот раст на одбранбениот буџет, реализацијата на отпочнатиот процес на модернизација, како и одржувањето на интензивниот процес на тренинг и извежбување и дополни дека Министерството направи големи чекори напред во однос на градењето интегритет и транспарентноста, споменувајќи дека одбраната е најтранспарентната институција во државата две години по ред, а годинава и со скор од 100 проценти исполнетост на критериумите.

Потсекретарот за одбрана Кал, изразил поддршка за реформските процеси и процесот на модернизација на Армијата и порачал дека САД продолжуваат да бидат наш искрен и верен сојузник и партнер во развојот на одбраната.

извор: МИА
Next Post

Доградбата на подрачното училиште во Хром влегува во завршна фаза, се решава долгогодишен проблем

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk