ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: На конкурсите веќе и не се пријавуваат кандидати, што е факт дека администрацијата се департизира

July 30, 2021 15:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Во администрацијата влегувам и јас и министрите и замениците министри и секако и јавната администрација, се со конечна цел да бидам попрецизен на вашите одговори. Недвосмислена и јасна порака секогаш сум испраќал и денес испраќам дека законот важи еднакво за сите“, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратенички прашања. Според него функционерите имаат и повеќе одговорност, односно колку се повисоко на функциите во ешалонот толку треба да се поодговорни носителите на јавните функции, затоа што од нив се очекува да бидат пример.

-Верувам дека во иднина ќе имаме уште подобри резултати сите како општество, а секако најголема е одговорноста на извршната власт затоа што таа е најзастапена во државата… Високите носители на функции коишто треба да бидат пример тоа треба да го отстранат да ја оневозможат секоја евентуална ситуција на корупција и на тој начин да ги помогнат токму независните и истражни органи кои што се борат против корупцијата, порача премиерот Заев.

Премиерот Заев истакна дека власта секогаш има постапувано по укажувањата, решенијата и одлуките на ДКСК.

-Точно е дека дел од нивните одлуки имаме обжалено до Управен суд, судот се изјаснува и онаму каде што остануваат ставовите на ДКСК недвојбено ги спроведуваме сите постаки, а онаму каде што губи ДКСК исто така очекуваме и таа да прифати. Имаме случаеви кои се 2% или 3% кога не се согласуваме ама тоа не значи дека не ги спроведуваме одлуките кои што се на крајот конечни, вели Заев.

Одговарајќи на седницата за пратенички прашања, тој додаде дека пред четири години биле затекнати 165.000 вработени во јавна администрација, а денес бројката изнесува 132,000 лица.

-Јавната администрација продолжува да се намалува и тоа се јавно достапни бројки и од ДЗС и од МИОА, јавно објавувани, кажа Заев, кој дополни дека администрацијата е најзастапена во јавните претпријатија на локално, но и на државно ниво и тука државата треба да продолжи со рационализацијата на јавната администрација, кажа премиерот.

Заев истакна дека во последната година и половина, заради ковид мерките, заради алокацијата на ресурси од сите ставки од сите програми на министерствата, јавните претпријатија, парите биле насочени за помагањето на економијата.

-Имавме година и половина кога немаше соодветно пополнување на празните места, посебно на тие за кои што во јавната администрација има потреба, а луѓето заминуваат во пензија. Денеска имаме природна состојба кога на конкурсите нема кандидати. Тоа ја прави се поочигледна департизацијата на јавните институциите, затоа што приватниот сектор за огромен број на профили нуди поголема плата отколку платата во јавниот сектор, заклучи Заев.

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Филипче: Има зголемен број заболени, но ситуацијата е стабилна, можни рестрикции наесен за невакцинираните

НАЈНОВО

Судот на правдата на ЕУ: Ударот од гром во авион е оправдана причина за големо задоцнување

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
куче

„Лајка“ полни 5 години: Вдомете куче и почувствувајте го пулсот на хуманоста

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk