Изминаа 5 години од катастрофалните поплави во Стајковци, Смилковци, Сингелиќ и Арачиново, во коишто животот го загубија 22 наши сограѓани и беа нанесени големи штети, напиша на Фејсбук профилот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Денеска животот го вративме во нормала и покажуваме вистинска грижа – со вложување во современа инфраструктура и планско градење, чисти речни корита, нова водоводна мрежа и асфалтирани улици.
Иако со тага се сеќаваме на трагедијата, херојството коешто беше демонстрирано секогаш ќе остане во меморијата на општеството како чин на врвна солидарност меѓу граѓаните ширум државата.
Никогаш да не се заборави и никогаш да не се повтори ваква трагедија!“, пишува на Фејсбук профилот на Спасовски.