ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МОН: Повик за распределба на 17,3 милиони денари за развој и опремување на лабораториите на факултетите и научните установи

August 7, 2021 20:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дополнителни средства за наука во висина од 17,3 милиони денари обезбеди Министерството за образование и наука преку својот буџет за 2021 година, како поддршка за развој на лабораториската инфраструктура во рамки на научните и високообразовните установи, а со цел зголемување на обемот на научно истражувачка дејност преку реализирање на проекти од посебен и јавен интерес.

За оваа намена денес е објавен јавен повик кој може да се погледне на следниот линк, а на кој можат да се пријават институциите што работат и придонесуваат во областа на науката.

Со согласност од Владата, МОН одлучи да даде дополнителна поддршка за развој и унапредување на инфраструктурата и условите во лабораториите во рамки на државните високообразовни и научни институции, при што ресурсите кои ќе се обезбедат не само што ќе бидат достапни за истражувачкиот персонал вработен во истите, туку пристап до нив, за истражувачки и едукативни цели треба да им се обезбеди и на надворешни корисници, односно научници и истражувачи со идеи за проекти од особена важност за државата и јавниот интерес.

Јавниот повик преку кој ќе се распределат предвидените средства, овозможува аплицирање за три типа на поддршка и тоа: за формално признавање на компетентноста на лабораториите, на пример преку акредитација на методите кои ги применуваат во работењето, понатаму поддршка за одржување на техничката компетентност и воведување на нови аналитички методи во рамки на лабораториите и поддршка за набавка на опрема што подразбира модернизација на лабораториските ресурси.

Потенцијалните апликанти, односно државните универзитети – факултети/научни институти и јавни научни установи – националните научни институти, како самостојни ентитети кои вршат дејност од посебен и јавен интерес за Република Северна Македонија, можат да ги поднесат своите апликации за одобрување на средства во рок од 45 дена од објавата на повикот. Разгледувањето и рангирањето на апликациите ќе го врши посебна комисија формирана за оваа намена.

Имајќи предвид дека науката, истражувањето и иновациите се клучни носители на севкупниот општествено – економски напредок на државата и еден од основните услови за интеграција во Европската унија, МОН и Владата на Република Северна Македонија и во иднина ќе продолжат да посветуваат особено големо внимание на нивниот развој.

МОН работи на целосна промена на начинот на финансирање на научно истражувачката дејност преку воведување програмско и планско финансирање и продолжување на грантовото финансирање. Исто така, во подготовка е нов Закон за научно истражувачка дејност од страна на работна група составена од претставници на сите универзитети и претставници на научните институти.

Целта на заложбите и на крупните промени кои ќе следат и по однос на измените на законската регулатива и по однос на обезбедувањето што повеќе буџетски средства за наука е да се зголеми учеството на БДП во науката и да се приближи на нивото на кое што е во земјите од ЕУ.

За потсетување, буџетот за наука во изминатите три години континуирано расте, односно од 252 милиони денари во 2018 година, во 2021 година е зголемен речиси двојно.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

ЕУ го отвора патот за Албанија за последното поглавје од преговорите

July 23, 2025

Каранфилова Пановска: Штетна е Резолуцијата што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ, отвора прашање за јазикот што веќе е затворено

July 23, 2025

Каранфилова Пановска: Претседателката на ДКСК треба да си поднесе оставка од морални причини

July 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на CNN

    (ВИДЕО) CNN eксклузивно: Новооткриените фотографии и видео ги потврдуваат врските на Трамп со Џефри Епштајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Ози Озборн, фронтменот на Black Sabbath

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk