Политичкиот пироман Христијан Мицкоски, без трошка совест и елементарно чувство за одговорност и морал седи на страна, саботира, одмага и се обидува да профитира од пожарите. На идентичен начин Мицкоски се однесуваше и за време на ковид пандемијата. Се обидуваше да ги манипулира граѓаните со конструкции, лажни обвинувања и измислици дека јавното здравство нема тестови, лекови, дека нема знаење да се справи со корона кризата, пишува во соопштението на СДСМ.
„Сега повторно Мицкоски ги омаловажува напорите на институциите да се справуваат со пожарите и со лажни и неосновани обвинувања се обидува да сее страв.
Не постои друга политичка партија која толку силно ги мрази сопствените граѓани само затоа што не ја добива нивната доверба.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги изгубија парламентарните избори токму заради ваквото некрофилско однесување, а граѓаните ќе ги казнат и на локалните избори“, се вели во партиското соопштение.