ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Груби: Трошокот за 20-годишнината од Охридскиот рамовен договор нема да биде поголем од придобивката

August 9, 2021 19:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот вицепремиер во Владата Артан Груби денеска изјави дека тендерот за организација на настаните поврзани со одбележувањето на 20-годишнината од Охридскиот рамовен договор бил транспарентен и дека на крајот ќе се види колку тие навистина ќе чинат, потенцирајќи дека трошокот „нема да биде поголем од придобивката што ја имаме од Охридскиот рамковен договор“.

За прославата на годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор беше распишан меѓународен тендер во вредност од 30 милиони денари.

-Во однос на тендереската постапка, се беше транспаретно, меѓународен тендер и се заврши со позитивно мислење на Бирото за јавни набавки. Цената е таа, но не мора да значи дека тоа ќе го исплатиме на крај затоа што се работи за настани што ги организираме веќе еден месец, а ќе продолжат и по 13 август. Не се работи само за 13 август, туку за повеќе и ќе видиме на крај кои се трошоците, но секако овој трошок нема да биде поголем од придобивката што ја имаме од Охридскиот рамковен договор, а тоа траен мир, инклузивно општество, земја во НАТО и со европска перспектива. Во тоа голем удел има и Охридскиот рамковен договор, рече Груби во интервју на Канал 5 ТВ.

Првиот вицепремиер соопшти дека на централното одбележување на дваесетгодишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, на 13 август со почеток во 10:00 часот во х. Александар Палас ќе се одржи конференција со три панели.

-Првата е лидерска на која ќе се обратат претседателот Пендаровски, премиерот Заев, претседателот на Собранието Џафери, поранешниот претседател Црвенковски, поранешниот премиер Хари Костов, претседателот на ДУИ Ахмети, јас, додека на другиот панел ќе се обратат и Лорд Робертсон, Хавиер Солана, американската амбасадорка Брнз…, рече Груби.

Првиот вицепремиер денеска во Државниот архив достави оригинален примерок од Охридскиот рамковен договор, посочувајќи дека ниту една институција досега не поседувала ваков документ иако тој има седуммина потписници.

-Седум потписници има Охридскиот рамковен договор, пет лидери од нашата земја, и двајца странци Пердју и Леотар и ниту еден од нив немаше зачувано оригинална копија на Охридскиот рамковен договор. За среќа нашето неколкумесечно истражување беше успешно и идентификувајќи ги луѓето кои учествуваа, не само протагонисти од потпишување на договорот, туку и помошниците од страна успеавме да најдеме една од тие седум официјални веризии на Охридскиот рамковен договор што денеска ја поднесовме во државниот Архив, рече Груби.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

July 25, 2025
Скриншот

Хоророт „Заедно“ се соочува со тужба за авторски права

July 25, 2025
Димитар Николовски

Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

July 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Поранешниот украински врховен командант Залужни предупредува дека војната со Русија може да трае до 2034 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам за домашна употреба: Резолуцијата што ѝ штети на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Фокусот е во Брисел, не во Софија – резолуцијата е за рејтинг, не за решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk