Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција посочи дека утринава на состанокот со Комисијата за заразни болести било разговарано за нова мерка која ќе биде предложена во текот на утрешниот ден, објави ТВ21.
Новата мерка се однесува за граничните премини, односно за влез и излез од Македонија ќе биде задолжително приложување на потврда за вакцинација, негативен ПЦР тест или доказ дека граѓаните ја прележале болеста.
Новата мерка ќе се однесува на сите граѓани, македонски и странски државјани.