ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МВР демантира дека во Прифатниот центар во Гази Баба ќе се сместуваат бегалците од Авганистан

August 17, 2021 14:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите пласирани од одредени портали дека Прифатниот центар во Гази Баба ќе се користи за сместување на бегалците од Авганистан, и дека министерот Спасовски тоа го потврдил. Тоа е апсолутно лажна вест!

Користениот статус на министерот Спасовски е во контекст на вчера објавената тема на Македонската информативна агенција- МИА во врска со новиот објект на Прифатниот центар за странци, кој по препораките на бројни меѓународни организации задолжени за заштита на човековите права и од Народниот правобранител како Национален превентивен механизам, поради субстандардните услови, треба да се дислоцира од Гази Баба на неколку километри од Бардовци.

МВР скоро секојдневно ја објавува точната и прецизна информација дека Прифатниот центар за странци, кој функционира непрекинато цели 20 години, нема и нема да има никаква врска со мигранти, како што одредени медиуми сакаат ја дезинформираат јавноста, пласирајќи лажни вести.

Центарот за странци е формиран и функционира согласно Законот за странци и наменет е за привремено задржување на странци кои не можат да се отстранат од територијата на државата во рок од 24 часа, од кои било причини, па се сместуваат во него во период од

неколку дена, додека да се создадат услови да биде отстранет од државата. Најчесто станува збор за сезонски работници на кои им истекла дозволата за работа/престој, забавувачи во

угостителските објекти без пријавен престој во државата, лица кои се затекнале тука без документ за идентификација и сл.

Што се однесува до привременото прифаќање граѓани од Авганистан, како што веќе информираше Владата на Република Северна Македонија, во овој момент се работи на координација и утврдување детали за преземање шест жени и деца, вработени или членови на семејства на вработени од Мисијата на Обединетите Нации во Авганистан, како и околу 180 граѓани, жени, деца, вработени или членови на семејства од хуманитарни организации, организации за човекови права, новинарски и друг тип здруженија кои во изминатите 20 години работеа на одржувањето на мирот во Авганистан.

Владата работи на обезбедување сместувачки капацитети во мотели, одморалишта и хотели, за што трошоците ќе бидат обезбедени од страна на меѓународните организации, како и од Соединетите Американски Држави. Сместувањето и преземањето на локалното население ќе

биде со ограничен временски период, сѐ до обезбедување нивни трансфер до САД или до трети земји, што ќе биде утврдено во координација со нашите стратешки партнери и со меѓународните организации.

Објавените текстови кои изнесуваат лажни вести и дезинформации кои можат да доведат до забуна во јавноста, штетат на општеството и создаваат паника кај граѓаните. Затоа, Министерството за внатрешни работи согласно законот, бара веднаш да биде објавен овој демант заедно со извинување до граѓаните, и да бидат повлечени невистинитите текстови, во спротивно ќе ги користи сите законски расположиви средства кои стојат на располагање./МИА/.

Next Post

Се подобрува пешачката инфраструктура во Кочани - нови тротоари и во градот и во селата

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk