ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мерките се предложени од најстручните луѓе во државата, вели Заев

August 18, 2021 16:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

 Мерките се носат тогаш кога стручните луѓе, здравствените комисии ги даваат како предлог. Мерките вчера на седница на Владата поминаа. Согласно мерките, како што беше јавно, јасно и прецизно објавено за учество во колективен настан, културен настан, симпозиум, семинар, угостителски објект или кој било објект или субјект каде има повеќе од 30 присутни мора да се има потврда за примена вакцина. Мерката е исто така потврдена и за другите објекти, субјекти и настани дека мора да се има потврда за примена вакцина со тоа што објектите над 30 луѓе капацитет мора да определат редари. Тие што имаат под 30 капацитет самите вработени тоа го организираат или одговорни за настанот или во самиот угостителски објект.

Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, кој рече дека Владата вчера дополнително ги проширила мерките со потврда се прележана зараза во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето и дискутирала поради сугестии од новинарите и граѓаните евентуално да ги дополни со ПЦР тест.

– Здравствената комисија препорачува да не се дополни заради тоа што ќе се создадат гужви на пунктовите каде се вадат ПЦР тестовите посебно во време кога завршува туристичката сезона, голем дел од домашните и странските туристи вадат тестови за да можат да патуваат. Дента кога бев во Охрид на Европскиот шампионат во пливање од 450 тестови, четири само беа позитивни. Најголем дел се вадени заради патувањето и затоа се прави одмерување на задолжението за вакцина која е како препорака и потребата за тестирање за да не се создаваат групирања и масовно пред пунктовите за вакцинација или за ПЦР тестови, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по означувањето на почетокот на изградбата на првата јужнокорејска инвестиција во Технолошо-индустриската развојна зона – Скопје 2.

Од 1 септември за сите туристи домашни и странски, посочи премиерот, ќе важи обврската на влез и излез од државата, значи доволно време за да можат да се подготват да заминат и кога ќе се вратат од одмор.

– Како одминуваат деновите, се некаде без малку две недели, доволна можност за сите да ја осознаат мерката и да ја применуваат за задолжителна потврда за примена вакцина, за ПЦР тест или задолжителна потврда за прележана зараза за сите што излегуваат и влегуваат. Тоа се предлози на најстручните луѓе во државата, Здравствената комисија, Владата дискутираше и буквално ги прифати сите како предлози, додаде Заев.

Next Post

Бугарија ќе донира 51.480 дози вакцини „Комирнати“ против Ковид-19, за Северна Македонија

НАЈНОВО

Зголемување на цените на горивата од полноќ

October 27, 2025
Фудбалски стадион на Јувентус

Јувентус му врачи отказ на Тудор

October 27, 2025

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, некои портали креираат сензација

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk