ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Во интерес на учениците е да бидат во училиште

August 19, 2021 12:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука (МОН) ги почитува сите инструкции што се даваат од здравствените власти. Ако има различни инструкции за општото дејствување во одредена општина или во одреден регион и МОН ќе се прилагоди на тоа. Во моментов немаме различни инструкции во ниту еден град, во ниту една општина или регион и токму затоа продолжуваме со инструкцијата дека на национално ниво спроведуваме образовна политика со ист интензитет и иста пркаска. Доколку тоа се промени, секако и МОН ќе се прилагоди.

Ова денеска го изјави министерката за образование Мила Царовска, која заедно со премиерот Зоран Заев присуствуваа на пуштањето во употреба на спортската сала во ООУ „Александар Здравковски“ во Јегуновце.

Прашана за тоа кои се причините и кој ќе одлучува дали децата ќе следат или нема да следат настава, Царовска рече дека за тоа нема да одлучува ресорното министерство или Владата, туку самите училишта.

-Јасно е во програмата прикажно и во одлуката на Владата дека од немедицински причини за кои училиштето ќе има доволно аргументација да одлучи за тоа. Нема да одлучува Министерството за образование и наука, Владата, сепак станува збор за индивидуални случаи, за ретки случаи кои во училиштата ќе треба да приложат аргументација како родители или како старатели, во зависност кој ќе дојде да разговара во училиштетото. И самото училиште, заедно со наставничкиот колектив и директорот ќе одлучува за секое поединечно барање што ќе пристигне во училиштето, појасни Царовска.

Министерката потенцира дека највисок интерес на учениците е да бидат во училиште.  И тоа, како што рече, го потенцираат и УНИЦЕФ, Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), тоа го покажаа развиените земји како Германија, Велика Британија, скандинавските земји кои навистина имаат многу мал просек на недели поминати надвор од училиште во текот на целата мината учебна година и таа пред неа ги држеа максимално отворени училиштата.

-Ние сега како земја се обидуваме да воспоставиме таков систем, по протоколи. Секако дека здравствената состојба на национално ниво или регионално ниво, општинско се менува и здравствената комисија ќе дава поинакви инструкции и ние како Министерство за образование и наука доследно ќе ги почитуваме нивните препораки, како досега така и од сега, нагласи Царовска./МИА/.

Next Post

МЗ: Препораки на Националниот комитет за имунизација

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk