ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Кој како сака нека влезе во коалиција, очекувам победа на нашите кандидати

August 19, 2021 20:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По 35-те објавени кандидати за градоначалници, СДСМ ќе донесе одлуки и за кандидати за уште 35, меѓу кои се големи градови како Куманово, Струмица, Охрид, Битола…, во десетина општини нема да има кандидати и ќе ги поддржи предлозите на партнерите во коалицијата, соопшти претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев.

Во првиот круг од изборите очекува, како што рече, убедлива победа во 30 општини и во град Скопје односно во половина од местата каде што конкурираат директно со нивниот опонент.

– Граѓаните се свесни за сите наши слабости, но и за сите наши предности и ќе направат сериозна компарација  со останатите кандидати од сите други понуди. Целосно сум растеретен за одлуката на граѓаните, но верувам во победата и дека кормилото треба да остане кај СДСМ заради сите наши досегашни политики. Во победата верувам заради  најдобрите кандидати, најшироката коалиција, најдобрите програми и зашто водиме на анкетите. Мене ми е важно да ги мотивирам, да испорачам најдобра понуда. Направивме преку 80 анкети за тоа што е најважно во секоја општина, за што нашиот наод дава предност… Големите четири партии имаме буџет од државата за истражување, за да ги најдеме најдобрите советници и градоначалници за да донесеме одлука, рече Заев вечерва во гостување во Дневникот на ТВ Сител.

Тој не гледа закана во најавеното коалирање меѓу Алијанса за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ, но смета дека нивните поддржувачи нема да гласаат за другата партија затоа што е тоа израз на нивните политики.

-Кој како сака нека влезе во коалиција, ние сме одговорни пред граѓаните и тие не оценуваат по одулите што ги носиме. Но политиките што се етноцентристички и се контра нашето мултиетничко опшптество и зборат за чиста Македонија е првата причина за која око не ми трепнува дали некој ќе влезе во некоја коалиција. Тврдам дека поддрѓувачите на Алијанса нема да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, ниту поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за Алијанса. Не затоа што мене тоа ми се допаѓа, туку тоа е израз на нивните политики кои се радикални, рече Заев, според кого Мицкоски нема став кога од една страна во колација ја поканува Левица која, рече, е против Албанците,а  од друга страна влегува во колаиција со албанска политичлка партија.

Левица одби соработка со Мицкоски, но ни Заев не планира соработка со партијата на Димитар Апасиев затоа што, како што рече, има радикални политички ставови и се отворено против НАТО, Албанците и другите малцинства, стратешките партнери ЕУ и САД и против соседите.

– Тоа се квазиполитики кои се популистички и носат гласови ден за ден и не му требаат на нашиот народ. Сите овие радикални екстремни партии ги видовме и во соседни земји, во еден турнис добиваат поддршка и потоа ги нема. Изманипулираните граѓани поттикнати со лажен патритоизам и напаѓање на се и сешто, во првот момент заклучуваат дека се излажани, рече Заев.

извор: МИА
Next Post

Вечерен преглед: Се грижиме за наставниот кадар, очекувам победа на нашите кандидати

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk