ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Енологот Богева: Медовино е нов вински стил, туристите не сакаат веќе индустрија

August 21, 2021 09:28
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Енологот Елена Богева од Кавадарци, заменик претседател на Здружението на македонски енолози, која има повеќегодишно искуство во винскиот сектор, неодамна освои сребрен медал на Балканскиот вински фестивал. Во разговор за МИА ја открива приказната за нејзиниот нов производ – медовино, кој е спој на два дара од природата, грозјето и медот.

Како дојдовте до идеја да направите медовино, во едно исто шише да се спојат даровите од виновите лози и од вредните пчели?

Нашата професија  никогаш не мирува со иновации и ако сакаме да сме секогаш  во чекор со останатиот вински свет, мораме да го следиме винскиот ритам или да бидеме пред другите со некои нови вински стилови, како што е ова златно медово вино или  gold honey wine.

Во светот се прави, не да не се прави медовино, но тоа е вино од само мед, мед од пчели, се правело уште пред многу векови и било еликсир вино со кое се насладувале само најмоќните. Го нарекувале вино за кралевите или вино за боговите.

Пред петнаесетина  години, истражувајќи по научни трудови и по интеренет, дојдов до  идеја да направам медовино. Но, не класично медовино,  да биде вино, ама не вино  само од винова лоза, vitis vinifera. За изненадување, овие два споени дарови од Бога, дадоа прекрасен аромат, тело, вкус и после вкус. Но целата постапка чекаше прав момент, кога да се направи во поголеми количини. Сите овие испитувања и истражувања се работени во лабораториски  услови. Чест да пробаат од ова вино, имаа само најблиските соработници како и тие кои придонесоа со медот, сето ова да испадне според замислената цел.

Вашата формула за овој нов производ не се кажува, но, кои се неговите основни карактеристики и што се содржи овој иновативен пијалок?

Финалниот производ само чекаше прав момент и време. Идеите, знаењето и искустовото никој не може  да ти ги копира или земе. Тоа го имаш во глава и кога ќе дојде вистинскиот миг, се склопуваат коцките и се добива посакуваниот производ.

Познавам многу пчелари, вистински мераклии, кои со љубов одгледуваат пчели, а таквите се веќе реткост. Еден од нив е Панчо Темков – Туто, втора или трета генерација пчелар во неговото семејство, кое пчелите ги одгледува со голема почит, колку мед ќе соберат, толку. Е  еден дел од тој мед заврши во медовиното, вистински мед, ароматичен, природен. Тој несебично ја поддржа оваа идеја за нов вински стил.

Медот е мешан, но доминира ливадскиот карактер и затоа  е комбиниран со бело грозје, за да се добие токму  посакуваната цел. Белото грозје е од сортата ,,темјаника”, фамилијарно производство на Димче Илиев, лозар со долгогодишно лозарско искуство, прав лозар мераклија. Па така ги споив убавото и квалитетното и добив нешто медено, необично и уникатно.

Освоивте сребрен медал. Што понатаму? Дали планирате усовршување и изградба на бренд, индивидуално или фабричко производство, кои се плановите за иднина?

Сребрениот медал е само добар мотив за понатаму.  Виното веќе има дизајнирана етикета која раскажува една вистинска винска приказна, која заслужува да се доживее. Таа приказна е спакувана во шише со органска восочна капица, од органскиот восок на Колеви. Ова не е вино за индустријализација, затоа што така би ја изгубило смислата. Ова е вино за привилегирани и љубопитни. Ова вино е еликсир каде се споени трите свети благодети, дарот од лозата, дарот од пчелата, дарбата и умешноста да се спојат  во едно, како еден финален производ.

Имате доста добра соработка со Здружението ,,Тиквешки семејни винарии”. Ваша заедничка заложба е развој на винскиот туризам. Што треба да се направи за да се привлечат што поголем број на вински туристи?

Туристите не сакат веќе индустрија. Тоа е веќе  видено по светот, индустријата е по ист или сличен терк. Туристите се желни за хенд меид, за домашно и традиционало производство,  да се вкусат производи направени со љубов, внимание и во мали количини, како за своја душа што би рекле ние. Да бидеш еден од ретките, да пробаш и да подариш  некому.

извор: MИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

July 25, 2025
Скриншот

Хоророт „Заедно“ се соочува со тужба за авторски права

July 25, 2025
Димитар Николовски

Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

July 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Поранешниот украински врховен командант Залужни предупредува дека војната со Русија може да трае до 2034 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам за домашна употреба: Резолуцијата што ѝ штети на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Фокусот е во Брисел, не во Софија – резолуцијата е за рејтинг, не за решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk