ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Министерство за култура и ФИТР: Го штитиме македонскиот јазик преку дигитализација на над 5 милиони записи на Институтот за македонски јазик

August 23, 2021 13:54
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Министерството за култура на Република Северна Македонија и Фондот за иновации и технолошки развој започнуваат процес за забрзано дигитализирање на картотеките на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ со цел да се оствари заштита, валоризација, категоризација и ревалоризација на културното наследство на македонскиот јазик.
Предизвикот е наменет за претпријатија кои можат да понудат иновативно решение – сами или во соработка со установа која врши високообразовна, односно научно-истражувачка дејност или друго претпријатие. Проектот треба да содржи пет поглавја во кои се опишуваат методологијата на работа, процесите, технологијата и компетенциите што ќе бидат ставени во функција за да се остварат целите на проектот.

Министерката за култура, Ирена Стефоска, на денешната прес-конференција во Владата истакна дека Министерството за култура започнува проект за соодветна и итна заштита т.е. дигитализација на над 5 милиони ливчиња.

„Станува збор за јазични записи собирани со децении на терен од вработените во Институтот, но и од студенти, информатори и вљубеници во македонскиот мајчин јазик, кои со својата собирачка активност помогнале во зачувувањето на ова јазично духовно богатство. Ентузијазам кој овозможил, како култура, да застанеме рамо до рамо со најголемите светски култури“, појасни Стефоска. Таа додаде дека од 5-те милиони уникатни јазични записи, досега, за 9 години се дигитализирани само 140 илјади ливчиња. Како што рече Стефоска, тоа е премалку и пребавно и ако продолжи со вакво темпо, веројатно ќе требаат безмалку уште 400 години за да се дигитализира само овoj скапоцен материјал.

„Затоа, Владата ја поддржа потребата од итна дигитализација на картотеките во Институтот за македонски јазик“, рече Стефоска, која акцентираше дека дигитализацијата, како трајна заштита на нематеријалното културно наследство, е врвен приоритет.
„Должни сме да ги заштитиме нашата култура и богата историја и да го превенираме секој ризик по нив. Поради идните генерации“, додаде министерката за култура.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров, истакна дека оваа инвестиција е од специјално и навистина големо значење за сите идни генерации бидејќи инвестираме во осовременување и заштита на македонскиот јазик како наше најголемо духовно културно наследство, на дијалектите на македонскиот јазик и топонимијата на Република Северна Македонија.

„За колку важен процес станува збор говори и податокот дека ќе се дигитализираат над 5 милиони оригинални записи на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, кои се стари над 500 години. На овој начин ќе создадеме активна заштита на записите во изворна дигитална содржина, како и пасивна заштита од сите форми на ризици што можат да го оштетат или трајно да го уништат културното наследство”, рече Петров. Тој додаде дека е обезбеден вкупен буџет во износ од 14 милиони денари, за кој ФИТР обезбеди 9, додека Министерството за култура на Република Северна Македонија учествува со финансиски средства во износ од 5 милиони денари. Победничкиот предлог-проект ќе биде финансиран 100% од вкупниот буџет, односно до 14 милиони денари. Спроведувањето на проектот може да трае до 12 месеци.

Апликантот треба да биде микро, мало или средно претпријатие, во согласност со Законот за трговски друштва, регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија, годишните приходи да не надминуваат 10 милиони евра во претходните две фискална години според финансиски извештаи и други.

Дел од активностите што ќе бидат одобрени за финансирање се: развој на решението и активности за тестирање, анализа на регулатива, комуникација со потенцијални учесници и други. Некои од трошоците што ќе бидат одобрени на проектите се бруто-плати за вработените кај водечкиот апликант, купување или изнајмување опрема и потрошни материјали во функција на проектот, под договорни услуги за истражување и развој и други.

Постапката, од приемот на пристигнатите апликации сѐ до селекцијата и донесувањето на конечна одлука за избор, се состои од неколку чекори: административна проверка; претселекција, односно прва оцена на предлог-проектот; пичинг, односно презентација на претселектираните предлог-проекти пред Комисијата за оценување и избор; финална селекција и последниот чекор е потпишување на договори. Комисијата за оценување и избор се состои од: двајца претставници на партнерските институции, двајца претставници од областа на предизвикот и еден претставник на Фондот.

Главните критериуми според кои ќе се врши оценување на предлог-проектите се: степен на иновативност, капацитет на проектниот тим, квалитет на проектот, потенцијал за примена, односно пазарен потенцијал и влијание на проектот.
На јавниот повик, компаниите можат да аплицираат најдоцна до 21.10.2021 година, до 14:00 часот, додека процесот на аплицирање и целата проектна документација се достапни на: https://fitr.mk/digitalmk/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
МИА

Заев: Ќе примиме повеќе Авганистанци затоа што имаме поголемо срце од другите

НАЈНОВО

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Tрамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk