ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Едукација и корективни мерки во првите шест месеци од примената на новиот Законот за заштита на личните податоци

August 24, 2021 14:50
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Во Министерството за правда денеска се одржа состанок, на кој, како што информираат, бил појаснет начинот за примена на Законот за заштита на личните податоци. Првите шест месеци во неговата  примена ќе бидат искористени за едукација и корективни мерки.

Министерот за правда Бојан Маричиќ, информираат од неговиот кабинет, на средбата со претставниците на Стопанската комора на Северна Македонија, Македонската банкарска асоцијација, Сојузот на Стопански комори, како и на Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП), по искажаната загриженост од страна на компаниите во однос на спроведување на новиот Закон, појаснил дека во првите шест месеци од стапување во сила, АЗЛП на терен при своите суперевизии ќе делува едукативно, односно со корективни мерки.

-Ова се прави со цел на компаниите да им помогне целосно да ги спроведат новите правила. Дополнително, ако супервизорот утврди прекршување на законот, ќе се даде определен рок во кој субјектот треба да ги отстрани неправилностите, се вели во соопштението од Министерството за правда.

Агенцијата за заштита на личните податоци, се вели во соопштението, ќе подготви и спроведе обуки за компаниите, а дополнително, ќе се изработи и упатство за правилно спроведување на законот. Ќе отвори и посебна линија за комуникација, која ќе ја користат сите засегнати страни со цел да добијат точни и навремени информации за обврските кои произлегуваат од новиот закон.

-По барање на засегнатите страни, во идниот приод ќе се направат и компаративни анализи за висината на казните за прекршоците кои произлегуваат од новиот закон, а доколку се утврди реална потреба за нивно менување, повторно ќе се отвори дијалог, посочуваат од Министерството за правда.

Со ваквото појаснување, од Министерството за правда, информираат дека се излегува во пресрет на барањата на компаниите, додека преку новиот Закон ќе се гарантира заштита на личните податоци на граѓаните.

Next Post

Антиваксерката Слаѓана Велков, лекарката којашто рече дека нема Ковид, „заработила“ кривична во Србија за ширење страв и паника

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk