ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Економијата е стабилна и расте, странските инвестиции во ТИРЗ носат нови работни места и повисоки плати, велат од СДСМ

August 24, 2021 09:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев во континуитет презема успешни мерки и политики што даваат позитивни економски резултати. Бележиме сериозно зголемување на економската активност во Технолошко индустриските зони. Официјалните податоци говорат дека за период од една година за осум отсто е зголемен бројот на работните места во ТИРЗ-овите, пишува во соопштението на СДСМ.

„Раст од 56 отсто е забележан на извозот во ТИРЗ во првите седум месеци, односно достигна 1 милијарда и 700 илјади евра.

Годинава во ТИРЗ се склучени договори со вкупен обем на инвестиции од над 120 милиони евра кои во наредниот период треба да донесат 1.970 нови работни места, над 2 милијарди приходи, а само овие компании треба да уплатат над 70 милиони евра за придонеси и данок на добивка.

Само инвестицијата на компанијата „Алмак-Дура Екстружн“ во Технолошко-индустриската развојна зона – Скопје 2 е во вредност од 30 милиони евра.

Сето ова влијае на отворање на нови работни места кои позитивно влијаат врз растот на просечната плата, но и на намалување на степенот на невработеност“, се вели во партиското соопштение.

Просечната плата во јуни годинава изнесува 28.724 , што е за 7 отсто, односно за над 1800 денари повеќе во однос на јуни 2020 година.

„Стапката на невработеност е на историски најниско ниво со тенденција за дополнително намалување.

Како одговорна партија продолжуваме да градиме силна, развојна и динамична економија која носи шанса за сите“, пишува во соопштението на СДСМ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

СДСМ ќе соопшти дел од своите кандидати за градоначалници

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп: ЦИА е овластена за тајни операции во Венецуела поради дрогата

October 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас: Немаме пристап до остатокот од телата на заложниците, потребна е специјална опрема

October 16, 2025

Делови од Стајковци, Центар, Бутел и Ѓорче Петров без електрична енергија

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од локални до национални: Зошто изборите во општините со мнозинство албански гласачи се клучни?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk