ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Полицијата првпат на локалните избори ќе го озбезбедува транспортот на доверливиот избирачки материјал

August 24, 2021 17:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Полициски службеници на овие избори првпат ќе го озбедуваат доверливиот материјал, меѓу којшто ќе бидат и апаратите за вчитување на отисоците од прсти на гласачите. Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница усвои Правилник за начинот на постапување на полицијата на изборите што е изготвен во соработка со МВР. На седницата е усвоено и упатство за гласање на болните и изнемоштените лица кои ќе гласаат како и досега со примена на УВ ламба и спреј и за кои нема да се користат терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти.

-Новина на овие избори во овој Правилник е што се воведува задолжително обезбедување при транспортот на избирачкиот материјал од страна на полицијата од ОИК до Избирачките одбори и обратно. Се работи, пред се, за доверливиот материјал гласачките ливчиња и Избирачкиот список, но овој пат за првпат и со измените на законот и техничката опрема за гласање за идентификација на гласачите при гласање преку отпечаток од прст. Тоа значи дека целокупниот доверлив изборен материјал се регулира да биде задолжително обезбдувањето, чувањето и транспортот од страна на полицијата, објасни членот на ДИК Борис Кондарко.

Исто така, како што кажа, во прилог на овој Правилник се донесува и образец за повикување на полициија што ќе им се достави на избрачките одбори. ДИК на секои избори па и на овие ќе соработува со Централниот изборен штаб на МВР за изборите.

ДИК најави, Кондарко, изготвува посебно упатство и процедури за воведувањето на техничката опрема за вчитување на отпечаток од прст, во врска со транспортот, чувањето, како во самите простории на ДИК, за што ќе се предвидат сите неопходни заштити, потоа на кој начин ќе се регулира транспортот, чувањето, податоците со кои ќе биде аплицирана техничката опрема со цел заштита на личните податоци и опремата за гласање во врска со изборниот процес.

Потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху соопшти дека на овие избори болните и немоќни лица нема да бидат проверувани со терминалите за отпечатоци од прсти туку дека тие ќе гласаат како и досега со УВ ламба и спреј. ДИК усвои упатство за начинот на гласање на овие лица и условите што се потребни да ги исполнат за да можат да гласаат на ден пред изборите и во своите домови.  Барањето и медицинските документи тие треба да ги достават до подрачните единици и канцеларии на ДИК или преку полномошник и по електронски пат.

На локалните избори закажани за 17 октомври во земјата првпат треба ќе се користат терминали за вчитување на отпечатоци од прсти. Првите 250 апарати се најавени да пристигнат утре во ДИК.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Бесими: Одржливите фискални и економски политики и фискалната рамка придонесоа за задржување на кредитниот рејтинг во услови на пандемија

НАЈНОВО

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Tрамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk