ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дигитални материјали за учење за четвртооддленците, навреме ќе бидат распределени сите учебници

August 25, 2021 14:01
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Учебниците што ги откупува и дистрибуира МОН навреме ќе стигнат до училиштата, соопшти министерката Мила Царовска. За прво одделение се печатат  учебници по нови наставни програми и според новата Концепција за основно образование и тие навреме ќе бидат распределени. Во четврто одделение, каде што исто така ќе се работи по нови наставни програми како и во прво, треба да почне дигитализацијата.

Бирото за развој на образованието, посочи Царовска, има подготвено материјали за учење за четвртоодделенците.  Дигиталните учебници ќе бидат поставени на платформи за преземање, а децата во социјален ризик на реверс од училиштата ќе добијат дигитални уреди на кои, рече Царовска, симнати се 3000, а се очекуваат уште 7000, со што и овие ученици ќе имаат еднаков пристап до содржините.

-Тоа се материјали за учење подготвени  од Бирото за развој на образованието заедно со авторски тимови и поминати од рецензенти, подготвени по дадена методологија, кои влегуваат во четврто одделение по новата Концепција, изјави денеска Царовска, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на ФЕИТ.

Предлог-законот за учебници и наставни материјали кој наиде на отпор да се дигитализираат учебниците со иницијатива за референдумско изјаснување на граѓаните, Владата го повлече од собраниска процедура, а МОН најави дека од септември повторно ќе организира дебати за нови сугестии со кои ќе биде подобрен предложениот текст.

 

-Законот за учебници треба да влезе во постапка, сега е летен период. Собранието веројатно наскоро ќе се врати на работа и стручната јавност ќе има можност да се изјасни за кој дел од законот имаат дилеми дали може или не може да се спроведе. Многу подобро ќе биде дискутирањето по тој Предлог-закон затоа што сега ќе имаме пример на дигитален учебник, како тој изгледа и која е неговата вредност која не може да се спореди со печатен учебник во ниту еден момент. Родителите што ќе имаат пристап до материјалите за четврто одделение ќе може да видат дека решавањето квизови и мултимедија е многу поинтересно за учениците и дури тогаш ќе може на директен пример да дискутираме што во законот ни пречи, истакна министерката за образование и наука.

Посочи и дека свидетелствата за минатата учебна 2020/2021 година се доставени од БРО до училиштата и ќе им бидат доделени на учениците до крајот на законскиот рок, 31 август, или на првиот училиштен ден.

Во врска со целодневната настава и дневниот престој,  Царовска одговори дека одлуките ги носат општините според капацитетите и ресурсите со кои располагаат училиштата на нивна територија./МИА/.

Next Post

Прес – конфереција на директорот на ДЗС, Апостол Симовски

НАЈНОВО

Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

October 27, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, но граѓаните нема да подлегнат

October 27, 2025

„Скопје Синема Сити 2025“: Холандија во фокус и награда за Антон Корбајн

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk