ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Досега издадени над 13.000 нови лични карти

August 26, 2021 15:41
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Издавањето на новите лични карти се одвива нормално и досега се издадени 13.000 од овие лични документи, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Издавањето тече нормално, испечатени се повеќе од 13 илјади досега, се работи, така што ние очекуваме најмногу две недели да трае целиот процес на печатење на оние коишто практично чекаа на одобрување и на печатење, меѓутоа, секако доколку успееме да го забрзаме тој процес и тоа ќе го направиме. Ние сме во постојан ангажман на вработените и според новиот начин на работа, така што ќе направиме се што е можно побрзо да ги добијат и оние лица коишто чекаа на одобрување, меѓутоа секако и редовно да тече издавањето на новите, рече Спасовски на новинарско прашање во врска со надминувањето на проблемот што го имаа околу 40 000 граѓани со истечени лични карти заради блокирањето на новиот Закон за лични карти од страна на Левица со голем број амандмани.

Прашан во врска со тоа до каде е истрагата за нелегалните пасоши Спасовски посочи дека истрагата е проширена.

-Знаете дека еден дел од истрагата заврши, таму имаме веќе приведени лица на коишто им се изречени првостепени пресуди. Истрагата е проширена, се работи веќе на вториот дел од истрагата, на проширувањето, така што секој еден без разлика дали е на едно или на друго ниво во МВР или надвор во другите институции секако дека ќе носи одговорност. Меѓутоа, за секој еден детал кога ќе бидеме во можност да соопштуваме во јавноста тогаш ќе ги добиете информациите во однос на овој дел, вели Спасовски на новинарско прашање на прес-конференцијата со министерот Бујар Османи во МНР.  

За издавањето на регистерски таблички со новата ознака НМК, министерот за внатрешни работи кажа дека тие веќе се издаваат согласно уставните амандмани и уставниот закон. 

– Ние издаваме таблички коишто се со новата ознака така како што е предвидено и тие ќе бидат заменувани  кога ќе дојде моментот. Значи, имаме период најмногу за пет години за да биде извршена целосната замена, нагласи Спасовски. 

Next Post

Хасани: Тетово го достигна пикот, не треба да се претерува со дополнителни мерки

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk