ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шеќеринска и Тонин од Берово: Дополнителна соработка со Словенија за успешно справување со пожарите во иднина

August 27, 2021 23:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Трагедијата која се случи во Берово и големата поддршка која граѓаните на Малешевијата ја добија од Словенија потврди дека поддршката од  пријателите мора да се зајакне на повисоко ниво преку креирање политики за дополнителна соработка во насока на справување со пожарите. Ова го истакна министерката за одбрана Радмила Шеќеринска која со својот словенечки колега Матеј Тонин беа во работна посета на Општина Берово.

-Токму поради Берово се договоривме дека во рамки на нашата стратешка одбранбена определба ќе биде зајакнувањето на политиките за соработка против пожарите во рамки на политиките за заштита и спасување. Словенија има големо искуство, тоа се виде и во Берово и сакаме да го искористиме и едното и другото. Министерот беше дополнително пријателски настроен да понуди шанса за нашите пожарникари да заминат на обука за Словенија и да обезбедат опрема која ќе биде донирана на нашите противпожарни одделенија, но и да зборуваме за како да го реформираме целиот систем за кој планираме да процесираме заедничка програма, истакна Шеќеринска.

Берово, според министерката, ги зближи пожарникарите, општините и државите и за неа е од особено значење дека заедничката врска помеѓу двете држави ќе се памети засекогаш и дека истата ќе биде зајакната.

Заменикот премиер и министер за одбрана Тонин истакна дека било задоволство да се помогне на пријателите кога најмногу имало потреба за тоа.

-Веднаш се одзвавме на повикот со праќање на противпожарни екипи, опрема, и што бевме дел од успешната акција за победа над пожарите за да се спаси она што беше неопходно да се спаси за што сме многу горди. Да не испадне дека се шегувам, но Берово е најпознатиот македонски град во Словенија, бидејки луѓето со внимание ги следеа вестите од овде за време на пожарите. Берово цело време беше присутно во медиумите, така што нашите срца беа целосно со вас во тоа време и на крајот на краиштата радосни сме што немаше човечки и материјални штети, рече Тонин.

Посочи дека Словенија како дел од заедничките разговори со Министерството за одбрана ќе продолжи со поддршката во делот на противпожарната заштита особено преку донации како поддршка за пожарникарите и воедно изрази благодарност до граѓаните што Словенија е во нивните срца.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски изрази благодарност за заложбата на Министерсвото за одбрана кое според него било од огромно значење бргу да се реагира во справувањето со огнената стихија.

-И самите на лице место бевте сведоци што се случуваше во Малешевијата. Верувам дека и во иднина ќе ја продолжиме таа акција или како да ја наречеме помош која за Берово ќе значи многу за унапредување на односите со некоја од општините од Словенија кои помогнаа, рече Пекевски.

Во знак на благодарност за огромната помош која Словенија ја пружи во насока на справување на пожарите во Малешевијата, Општина Берово додели благодарници на заменик премиерот Тонин, министерката Шеќеринска како и на амбасадорот на Словенија Милан Предан.

Next Post

Средношколците од Тетово и Гостивар со онлајн настава, другите ученици со физичко присуство

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk