Честитки до целата филмска екипа на македонскиот филм „Сестри“ – дебитантски долгометражен филм на Дина Дума, кој доби специјална награда од жирито на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, Чешка, напиша Премиерот Заев на својот Фејсбук профил.
„Горд сум што успесите на нашите млади таленти се прифатени и во светски рамки и тоа е уште една причина во континуитет да ги поддржуваме. Агенцијата за филм – North Macedonia Film Agency ги препознава вистинските проекти и го поддржа овој современ европски филм, кој е регионална копродукција помеѓу Северна Македонија, Црна Гора и Косово. Резултатите се очигледни кога поддршката оди на вистинското место“, стои во неговата објава.