ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почнува есенската сесија, Парламентот во сенка на локалните избори

August 30, 2021 07:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Пратениците се враќаат на работа во Собранието на Репубика Северна Македонија, на речиси месец и половина пред локалните избори. Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ќе има прва средба со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, по што најверојатно ќе се знае какви активности ќе има Парламентот во текот на неделата и во текот на септември. Најавите се дека ќе има продолжение на неколку седници, а ново пленарно заседание кон средината на септември.

Пратеници сметат дека имајќи ги предвид изборите, активностите на Собранието ќе бидат намалени и оти дискусиите следниот месец ќе бидат во контекст на локалните избори.

Првата недела од следната парламентарна сесија се очекува да мине во знакот на комисиските расправи. Сега официјално на собранискиот сајт само на 1 септември (среда) има закажано три седници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, како и седница на Комисијата за економски систем.

На комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците на дневен ред се Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, во второ читање, поднесен од пратениците од владејачкото мнозинство,  Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка, во второ читање, како и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на лични податоци, по скратена постапка, исто така во второ читање.

Комисијата за економски прашања ќе расправа за Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, Предлог – законот за изменување на Законот за метрологијата, Предлогот за изменување на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали, Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за занаетчиство, Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба, Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за трговија, сите во второ читање.

Нова седница се најавува за средината на септември, додека нови материјали пристигнати овој месец, како што објави МИА, се Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност, Предлогот на закон за академија за судии и јавни обвинители, Предлогот на закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, Предлогот на закон за лековите, Предлогот на закон за парничната постапка, Предлогот на закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, Барање за давање на автентично толкување на член 21, став 1, точка 4 од Законот за данок на добивка, поднесено од Владата на Република Северна Македонија, Барањето за давање на автентично толкување на член 135, ставовите 1 и 2 од Законот за судска служба, Кварталниот извештај на Народната банка на Република Северна Македонија, август 2021 година, како и Предлог-стратегијата за родова еднаквост 2021-2026./МИА/.

Next Post

Маричиќ: Ги зголемивме платите во сите сектори, пораснаа пензиите, го решивме и деценискиот проблем со стечајните работници

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk