ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Северна Македонија останува во црвената категорија земји за патување на Кипар

August 30, 2021 11:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Задолжителен ПЦР тест направен 72 часа пред поаѓањето и уште еден тест по пристигнувањето, што е на трошок на самите патници и понатаму се неопходните услови за патување на Кипар за државјаните на Северна Македонија, со оглед на тоа што нашата земја останува во црвената категорија држави за кои важат посебни правила, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно новата „Процена на епидемиолошкиот ризик на земјите во врска со Ковид-19“  објавена утрово од Министерството за здравство на Кипар, која стапува во сила во четврток на 2 септември, направени се само три промени, Германија од втората преминуваат во третата, а Малта и Андора од третата во втората категорија, додека пак нашата земја останува во црвената категоријата држави со зголемена опасност.

Како и досега, државите членки на ЕУ, како и третите земји, во зависност од епидемиолошката слика поделени се во три категории: зелена, портокалова и црвена, за секоја од нив важат посебни правила, а оние кои не се во некоја од овие зони се во сивата категорија.

Во првата (зелена) категорија, односно „земји со ниска опасност”, за кои не се предвидени никакви рестрикции, не е потребен тест, ниту самоизолација, нема промени од минатата седмица и се вклучени девет земји.

За земјите од втората (портокаловата) категорија задолжителна е потврда за негативен молекуларен тест направен 72 часа пред патувањето, додека пак во третата категорија земји со „зголемена опасност во споредба со другите две категории“,  вклучени 39 држави, меѓу кои и Северна Македонија.

Задолжителен е негативен тест ПЦР тест 72 часа пред поаѓањето и уште еден по пристигнувањето на Кипар.

Вториот тест е на трошок на патниците и потребно е да бидат во домашна изолација сѐ до издавањето на резултатите.

Како што веќе има објавено МИА, Северна Македонија првично беше во црвената зона, по што беше преместена во портокаловата, а потоа од 22 јули до 16 август 2021 година беше во зелената категорија.

Една седмица беше во втората, а од минатиот понеделник повторно е во последната, црвената зона.

Во однос на вакцинираните посетители, од Министерството за здравство на Кипар соопштуваат дека ослободени од задолжителниот негативен тест или карантин, се туристите кои поседуваат сертификат за вакцинација издаден од земјите- членки на ЕУ, на Европската економска зона, од Швајцарија, Израел, Русија, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Украина, Јордан, Либан, Египет, Белорусија, Србија, Катар, Бахреин, САД, Ерменија, Грузија, Канада, Кувајт и Кина.

Исто така, потребно е и да се поминати 14 дена од ревакцинацијата со една од вакцините одобрени од Европската организација на лекови (Фајзер, Модерна, Астра Зенека и Џонсон) или со Спутник В, Синофарм или Синовак.

Туристите, како што е веќе пракса од лани, пред да го посетат Кипар, задолжително е, 48 часа пред патувањето, да го пополнат CyprusFlightPass, односно онлајн формуларот достапен на https://cyprusflightpass.gov.cy/.

Од Министерството за здравство на Кипар, секоја седмица ги ажурираат листите со земји за кои е дозволено патување на островот, а категоризацијата е огласно развојот на пандемијата и промената на епидемиолошките податоци во секоја од земјите./МИА/.

Next Post

Прва редовна координација во Собранието по колективниот одмор

НАЈНОВО

Скриншот од Фејсбук видео на Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025
Селим Ибраими

Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

November 4, 2025
Скриншот

Анчелоти: Имам добри односи со Винисиус, како и со другите играчи

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk