ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МФ: Намален државниот долг за 3,9 процентни поени, остануваат заложбите за стабилизирање на долгот

August 31, 2021 12:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот долг заблежа намалување од 3,9 процентни поени. Денешните објавени податоци покажуваат дека тој се спушти на ниво од 52 проценти од БДП во однос на 30.6.2021, кога беше на ниво од 55,9 проценти, односно забележа намалување од 3,9 процентни поени. Значајно е тоа што средствата што беа обезбедени на меѓународниот пазар на капитал во изминатиот период се со историски најниска каматна стапка од 1,625 отсто, информираат од Министерството за финансии (МФ).

Според МФ, намалувањето на државниот долг се должи пред се на раздолжувањето на Еврообврзницата во износ од 500 милиони евра извршена во јули годинава. Ова раздолжување ќе влијае и на намaлување на состојбата на јавниот долг, што ќе биде евидентирано со податоците објавени за нивото на јавниот долг заклучно со третиот квартал. Согласно со утврдената динамика, Министерството за финансии објавува податоци за јавниот долг на квартално ниво.

-Кризата предизвикана од Ковид 19 и справување со последиците влијаеше на зголемување на долгот во скоро сите земји, вклучително и во нашата. Државниот долг на крајот на 2020 година изнесуваше 51,2 отсто од БДП, во првиот квартал на 2021 се зголеми на 54,1 отсто, во вториот квартал на 55,9 отсто и на 31 јули 2021 година тој се спушти на ниво од 52 проценти. На промените на државниот долг влијаеја и повлекувањето на средства од склучени кредитни аранжмани со странски кредитори, задолжување со државни хартии од вредност, како и отплата на обврски по основ на главнина на надворешен долг, се наведува во соопштението.

Министерството за финансии нагласува дека цврсто стои на својата заложба за стабилизирање на долгот и негово позиционирање ниво од 60 отсто од БДП што е во рамки на мастришкиот критериум, кој инаку е привремено суспендиран во Европската Унија, поради пандемиската рецесија.

-На среден рок, односно до 2026 година, проекциите во Стратегијата за управување со јавниот долг се дека тој ќе се стабилизира и ќе се намали на 57,7 отсто, додека државниот долг ќе се сведе на 50,7 отсто. Ова ќе се реализира, од една страна, преку планот и мерките за постепена фискална консолидација, односно постепено намалување на буџетскиот дефицит и од друга страна преку забрзување на економскиот раст, односно продуцирање поголема додадена вредност од којашто полесно ќе може да се сервисира долгот што доспева, велат од Министерството за финансии.

Во наредниот период, МФ ќе продолжи со активното управување на јавниот долг. Основната цел е непречено одвивање на планираните активности, финансирање на дефицитот и редовна отплата на постоечките обврски со најниски трошоци и најповолни услови на финансирање. 

Next Post

На Табановце се чека 40 минути за излез од земјата

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk