ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Важно е да се поддржи училишниот процес, потребно е граѓаните да се вакцинираат, вели Филипче

August 31, 2021 13:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната прес-конференција министерот за здравство д-р Венко Филипче дискутираше за податоците во врска со состојбата со вирусот Ковид-19 во нашата држава. Според министерот Филипче, стратегијата и пристапот кон вакцинацијата на Владата, досега е многу успешен. Трета седмица по ред, кај нас е најголем просечниот раст на вакцинирани граѓани во регионот. Во градовите кадешто е најголем опфатот со вакцинација, најмала е застапеноста на хоспитализации, што укажува на тоа дека вакцинацијата е единствен излез од пандемијата. Во пресрет на новата школска година, министерот Филипче порача дека многу е важно да се поддржи училишниот процес со тоа што граѓаните ќе се вакцинираат. На овој начин ќе овозможиме децата да имаат безбеден училишен процес.

-Утре започнува училишната година која е ќе биде со физичко присуство. Ова е многу важно за децата и учениците бидјеќи недвосмислено сите анализи покажуваат дека тие мора да одат на училиште и дека повторно одлагање на учебната година или учење онлајн е на нивна штета. Речиси сите земји во светот го вратија нормално училишниот процес, ќе го направиме тоа и ние. – изјави министерот Филипче.

За граѓаните кои од разбирливи причини бараат онлајн настава, министерот Филипче им порача дека доколку се влошува состојбата или вирусот почне да се шири во училиштата, подготвени се алтернативни решенија. Во тој случај, здравјето на децата нема да биде доведено во прашање. Со оглед на тоа што искуството од минатата година покажа дека трансмисијата на вирусот во училиштата беше прилично ниска, нема такви очекувања.

Бројките за ефикасност исто така трета недела по ред ја потврдуваат ефикасноста на вакцината како оружје против Ковид 19. Болниците се за жал полни со невакцинирани пациенти кои претставуваат 90% од сите хоспитализирани.

-За жал, исто така имаме се поголем број на млади пациенти со тешка клиничка слика бидејќи сега вирусот се штити кај нив. Затоа тие мора да се свесни дека никој не е заштитен и што побрзо да се вакцинираат, порача министерот Филипче.

Next Post

Заев - Томан: Честитки за наградата за мир и порака за поддршка од Чешката Република во европерспективите и развојот

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk