Ние градиме општество каде сите се еднакви и исто вредат. Ако сме сите посветени на исти, стратешки цели за нашата држава, за сите наши граѓани, тогаш ќе имаме поблиска соработка и нема да има толку длабоки делби меѓу нас, напиша Премиерот Заев на Фејсбук.
– Тој избор да го направиме со љубов и со верба за иднината на нашата земја. Да продолжиме заедно да ја градиме нашата земја како едно и еднакво општество за сите, низ меѓусебна почит и разбирање, затоа што само заедничката среќа е среќа.
Да се грижиме и за среќата на секој граѓанин. Северна Македонија самостојно ја создава својата иднина со јасна визија за патот до неа. Нека ни е честит големиот јубилеј – 30 години независна и суверена Република Северна Македонија!, стои во објавата на премиерот.