ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Ако во Бугарија се формира нова влада по се поизвесните нови избори би можело да се дојде до решение

September 3, 2021 12:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев вели дека сите информации укажуваат на тоа оти Бугарија заедно со претседателските во ноември ќе има и нови трети парламентарни избори и се надева дека по нивното завршување ќе биде формирана нова бугарска Влада, со која ќе може да се разговара за да се најде решение и да се одблокира процесот на почеток на преговори на Северна Македонија за членство во Европската унија.

–Имајќи го тоа предвид, јас очекувам дека крајот на ноември, целиот декември можеме да ги заокружиме прашањата заради тоа што ние ги имаме адресирано сите прашања. Како што реков преку патоказот ги имаме сите адресирани коишто значат гаранции преку рокови и надлежни институции за зголемување на ефикасноста на реализацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.  Истовремено сме подготвени и тоа јавно го апелирам да стигне и до Бугарија да ги номинираме двете ноти дипломатски, а тоа е првата нота дека Северна Македонија е исто како Република Северна Македонија, се однесува на територијална суверена целина на државата Република Северна Македонија, дека немаме територијални претензии према ниту една од соседните држави, вклучително и Бугарија и слично и да ги испратиме секаде каде што тоа е потребно, вклучително ЕУ, до Бугарија, до соседите, до ОН нема проблем со оваа работа, рече Заев во одговор на новинарско прашање по одбележувањето на реконструкцијата на Бит-пазар.

Второ е прашањето на дипломатската нота за немешање во внатрешните работи, вклучително и малцинските права.

-Како што реков во современа Европа, ние се сметаме за исти такви, Бугарија е членка на ЕУ, се решаваат пред судот во Стразбур и нема што ние да се мешаме или тие да се мешаат кај нас за одредени вакви прашања или слично. Наша цел е да водиме грижа овде како што водиме за сите етнички заедници, за сите малцинства коишто ги имаме во државата, вклучително и бугарското малцинство тоа го правиме и дефинитивно многу работи се унапредени, рече премиерот Заев.

Тој изрази уверување кога ќе се нормализира поприлично животот и ќе се надминат проблемите со пандемијата ќе може да се интензивираат и инфраструктурните капитални инвестиции.

Сето тоа, нагласи премиерот Заев, навистина создава и попозитивен амбиент пред се кај нас, но исто така еднакво и кај Бугарија за да можеме да продолжиме на нашиот пат кон Европската Унија. 

извор: MИА
Next Post

Прва годишна конференција на Министерство за финансии „Економско заздравување и раст по Ковид“

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk