ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев и Николовски: Приватната инвестиција која ќе обезбеди струја за 2.750 домаќинства е признание за енергетските политики на Владата

September 4, 2021 13:28
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија заедно со заменикот на претседател во Владата за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и со градоначалникот на Општина Лозово и градоначалникот на Општина Свети Николе Сашо Велковски, денеска ја посети биогасната електрана во изградба во Сарамзалино.

Вкупната вредност на инвестицијата на „Био Ентерпрајс“ од Охрид во оваа биогасна електрана изнесува близу 6.000.000 евра и во првата фаза ќе обезбеди 15 работни места.

Годишното производство на електрична енергија од обновливи извори ќе ја задоволи потрошувачката на 2.750 домаќинства во државата.

Премиерот Заев во изјавата за медиумите по повод посетата на инвестицијата истакна дека биогасната електрана Сарамзалино постројката со инсталиран капацитет од 2.000 kW целосно се вклопува во заложбите не енергетските политики на Владата за комбинирано производство на електрична и топлинска енергија од обновливи извори.

„Уште два фактора се вклопуваат во нашите заложба: Приватната иницијатива да се прифати предизвикот и да се влезе во една ваква инвестиција, и дополнителната вредност на овој проект како ресурси за оваа електрана да се користат ресурси, односно биомаса од сопствено производство и преку развивање на соработка со локалните земјоделци, фармери и преработувачи на храна и земјоделски продукти“, нагласи претседателот на Владата Заев.

Изградбата на електраната е започната во јули 2020 година, и во оваа фаза се во тек градежните работи на опремата за обработка за биомасата и за биогас, по што ќе следува монтажата на генераторските единици, а пуштањето во употреба на електраната е предвидено за април наредната година.

„Оваа инвестиција станува дел од зголемувањето на домашното производство на електрична енергија од обновливи извори согласно енергетската стратегија на државата, и учествува во поттикнување и модернизација на земјоделското производство во регионот и унапредување на соработката со локалните фармери и стопанства“, потенцираше премиерот Заев.

Што се однесува до сопственото земјоделското производство, компанијата веќе има обезбедено државно земјиште под закуп на кое е започнат инвестиционен проект за модернизација и унапредување на производство на силажна пченка преку воспоставување на подземни системи за наводнување со вкупна инвестиција од над 1.500.000 евра.

Заменик-претседателот во Владата задолжен за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски го издвои учеството на овој проект од аспект на рамномерен регионален развој што е особено значајно за овој регион кој во претходните години беше запоставуван или беше жртва на погрешни „Субрата Рој“ политики.

„Што се однесува до сопственото земјоделското производство, во соработка со Владата и локалната самоуправа на инвеститорот му е отстапено државно земјоделско земјиште под закуп на кое е започнат инвестиционен проект за модернизација и унапредување на производство на силажна пченка преку воспоставување на подземни системи за наводнување. Инвестициониот циклус во земјоделието е започнат во 2021 година, до сега се инвестирани над 200.000 евра и се планира да се заврши до 2024 година со вкупна инвестиција од над 1.500.000 евра. Тоа е од огромно значење на локалното население кое е претежно ориентирани кон земјоделството“, нагласи заменик-претседателот на Владата, Николовски.

Градоначалникот на Општина Лозово Ацо Велковски информираше дека општината ја прифати и максимално ја поддржа оваа инвестиција како особено значајна од повеќе аспекти за Лозово и за жителите на оваа општина, и во соработка со Владата ја обезбеди сета административна постапка за нејзина непречена реализација.

На настанот, се обрати и сопственикот на „Био Ентерпрајс“ како инвеститор на биогасната електрана Сарамзалино Петар Спасески кој информираше дека во општината и во Владата имале одличен соговорник и партнер за реализација на инвестицијата во сите фази и додаде дека со неа се отворени уште многу други можности за дополнителни инвестиции во земјоделството и спа туризмот.
Next Post

Османи: Министерството за надворешни работи станува зелено

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk