Утре со почеток во 12:00 часот, премиерот Зоран Заев заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими ќе ја отворат Првата годишна конференција „Економско заздравување и раст по Ковид“ во рамки на Економскиот и финансиски форум.
На дводневната конференцијата, во организација на Министерството за финансии, на засебни панел сесии ќе дебатираат високи гости од меѓународните финансиски институции, владини претставници од земјата и регионот, амбасадори, експерти, претставници на невладиниот и бизнис секторот.
Во фокус ќе бидат теми поврзани со глобалните и регионалните перспективи на постпандемиско закрепнување и раст.